7 знаци дека сте потполно “излезени” од форма

Споделете со пријателите

Редовно вежбавте и имавте добра кондиција и форма, но поради оправдани или неоправдани причини престанвте со тренирање. Иако телото памти дека некогаш сте биле многу активни, сепак после одреден период излеговте од форма и почнавте да губите здив веќе после 6-тата степеница.

Дали и колку сте излезени од форма прочитајте во продолжение. Ако неколку од овие знаци ве карактеризираат, тогаш време е да се “фрлите на работа”.

1) Не можете да правите склекови

Склековите се одличен тест за тоа во каква форма сте, затоа што за да направите само еден склек се активираат многу мускулни групи (на рацете, грбот, градите, стомакот). Секој кој е во добра форма може да направи неколку склекови, посебно ако се има во предвид фактот дека има неколку различни типови на склекови од полесни до понапредни.

man-push-up

Ако се мачите да направите неколку склекови, тогаш време е да се “фатите” за работа, започнете да го активирате телото на било кој начин. Запишете се на некоја групна фитнес активност, каде ќе се запознаете со луѓе кои имаат слична цел како вашата.

Групните тренизнзи имаат многу поголема моќ да ве мотивираат отколку индивидуалното вежбање во теретана.

2) На вашето срце му треба подолго време да го врати нормалниот ритам после одредена активност

Ако се во добра физичка форма и вежбате, вашето срце после одредена физичка активност ќе чука побрзо, но после краток период ќе се врати во нормала. Нормално е пулсот на срцето да се покачи и до 190 отчукувања во минути за време на одредена физичка активност, но доколку сте во добра форма и вежбате постојано, срцето се навикнува така што и при најголема физичка активност отчукувањата се максимум 160 во минута.

Зошто е тоа така? 

Срцевиот мускул е одговорен за пумпање на крв во крвните садови низ целото тело со што се овозможува да стигне кислород, односно енергија до секоја клетка во телото. За време на систола, односно срцево отчукување се уфрла крв во аортата и таа крв се носи низ целото тело, додека за време на дијастола (срцева релаксација) срцето се релаксира и се полни со крв. За време на физичка активност е скратено времето на срцев одмор и срцето се полни многу помалку со крв така што бројот на отчукувања се зголемува се со цел да се зголеми количината на кислород и енергија во секоја клетка во телото. Затоа пулсот за време на активност се зголемува. Кај спортисти срцевиот мускул со текот на времето “се учи” повеќе се да се полни со крв за да има поголемо количество на крв кое ќе се даде на клетките низ телото.  Тоа е причина зошто кај спортисти и за време на екстремна физичка активност срцевите отчукување не се со енормно зголемени вредности, така наречен феномен на спортско срце.

3) Имате голем обем на струкот

Обемот на струкот е показател за вишокот на масно ткиво во пределот на половината. Според последните истражувања обемот на струкот треба да биде 1/2 од висината. Доколку обемот ви е +10 cm од 1/2 од висината потребен е сериозен пристап кон намалување на тежината. Вишок маснотии на струкот се голем ризик фактор за развој на дијабетес и кардиоваскуларни проблеми.

o-obesity-facebook

За маж со висина од 180 cm, оптималниот обем на струкот е 90 cm, доколку оваа вредност се движи кон 100 cm, време е да се “фатите за работа”. За жена пак со висина од 160 cm, оптималниот обем на струкот би требало да биде 80 cm, вредност од 90 cm е време кога алармот веќе почнува да свети црвено.

4) Качувањето по степеници ве исцрпува

Доколку после неколку степеници чувствувате голем замор и мислите дека срцето ќе ви излета од градите, а притоа немате кардиоваскуларни проблеми, а порано немавте проблеми со качување по степеници тогаш време е да размислите за своето здравје и конечно да започнете со вежбање.

Можеби ќе ве интересира: Како физичката активност го подобрува целокупното здравје?

5) Зависник сте од слатки и чоколади

Многу истржувања покажуваат дека физичката активност влијае и врз начин на кој ја перцепирате храната, така што оние кои вежбаат имаат поголема желба и мотивација да се хранат здраво. Доколку имате постојана потреба да грицкате и да јадете слатки и чоколади тоа е значаен показател за вашата форма и физичка кондиција. Вежбањето помага во контола на наглото зголемување и опаѓање на шеќерот во крвта.

Сигурно ќе ве интересира: Зависност од благо, шеќер и слатки и како да се надмине

6) Пулсот и во мирување ви е висок

Тоа веќе претходно го објаснивме, колку повеќе вежбате и сте во подобра физичка кондиција толку пулсот во мирување ќе ви биде помал. Тоа е така затоа што срцето “се учи” да се релаксира повеќе време така што се полни со поголема количина на крв.

Пулсот кај спортисти обично е понизок од 60 иако нормални вредности за пулс се сметаат од 60-90 отчукувања во минута. Доколку вашиот пулс надминува 90 отчукувања во минута во мирување, тогаш е вистинско време да почнете да размислувате за некоја физичка активност. Започнете полека со 1-2 пати неделно за полека да го навикнете срцето на промената.

7) Постојано сте уморни

Само што станавте од спиење, а веќе повторно сте уморни. Физичката неактивност не прави мрзливи и без енергија, така што оние кои се излезени од форма често пати чувствуваат замор и поркај фактот што ноќта спиеле 8 часа. Физичката активност ве прави посреќни, понергични и спремни да се соочите со многу предизвици, зата што покрај тоа што влијае на физичкото здравје, влијае и ментално.

Tired woman in front of laptop computer

Можеби ќе ве интересира: Како физичката активност влијае на менталното здравје?

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *