8 совети како да го намалите дневниот внес на шеќер

Шеќерот е најголемиот непријател на нашето здравје. Тој е производ кој незабележително успева да се прикрие во нашите омилени јадења. Во продолжение ви споделуваме 8 совети со кои ќе успеете да го намалите дневниот внес на шеќер.

1) Избегнувајте намирници со 0% масти

Овие намирници се рекламираат како поздрава алтернатива, но дали сте се запрашале колку е навистина така. Постојат мајонез, павлака, чипс, кечап и сл. намирници со 0% масти. Но, доколку го споредите составот на павлака со помалку масти и нормална варијанта на павлака ќе забележите дека нивото на шеќер во опцијата со 0%масти е значително поголемо. Исто така имајте во предвид дека шеќерот во намирниците може да се крие под различни имиња како: скроб, декстроза, малтодекстрин, фруктоза и слично. За да бидете сигурни проверете го количеството на јаглехидрати во производот и колкав дел од нив се шеќери.

2) Внимавајте што пиете

Генерално правило е дека секоја течност освен водата и незасладените чаеви содржат одредено количество шеќер. Знаејќи го ова, добро правило е 90% од течностите што ги внесувате во текот на денот да бидат вода или незасладен чај, а остатокот може да си дозволите некоја чаша сок или вино. Правилна хидратација на телото е клучна за добро здравје (повеќе прочитајте тука).

3) Елиминирајте ја процесираната храна

Обидете се да го наполните вашиот фрижидер со свежи или замрзнати намирници, односно овошје и зеленчук. Елиминацијата на процесираната храна ќе ви помогне да го намалите дневниот внес на непотребни шеќери и ќе ве одржи здрави.

fresh-food1

4) Не одете да купувате храна на празен стомак

Доколку одите да купувате храна на празен стомак, многу е веројатно дека ќе посегнете по нездравите намирници. Во ваква ситуација човечкиот мозок го вклучува својот инстинкт за преживување и се обидува да собере што повеќе храна. Затоа следниот пат пред да одите во маркет најадете се!

5) Користете повеќе цимет

Циметот е еден од најупотребуваните зачини кои има многу позитивни ефекти врз целокупното здравје. Тој додава специфична арома и вкус која може да го замени шеќерот (во утринското кафе) или барем да ја намали количината шеќер потребна за некој рецепт. Исто така циметот помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта, а тоа ќе ви помогне да ги надминете честите напади на глад.

Cinnamon sticks and meal close up on wooden table

6) Јадете повеќе здрави масти

Намирниците кои се полни со здрави масти се едни од оние со најмал гликемиски индекс. Јаткастите плодови, семињата, кокосовото масло и авокадото ќе го регулираат нивото на шеќер во крвта и ќе ве одржат сити преку целиот ден. Тоа ќе ви помогне да ги намалите честите напади на глад кои ве тераат да посегнувате по слатки.

7) Бидете внимателни со овошјето

Овошјето е навистина здраво но, имајте на ум дека содржи многу шеќери. Секако дека е во ред да јадете овошје, но ограничете го дневниот внес на две до три овошки. Проверете тука колку шеќер содржи вашето омилено овошје.

8) Бидете внимателни со “здравите” алтернативи на белиот шеќер

Трудејќи се да го елиминираме белиот шеќер од исхраната, посегнуваме по неговите алтернативи кои се сметаат за поздрава варијанта (прочитајте повеќе). Имајте на ум дека скоро сите алтернативи на шеќерот се со скоро иста калориска вредност како и самиот шеќер.

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *