9 причини зошто да започнете да трчате

Споделете со пријателите

Трчањето е совршен и бесплатен начин да изгледате и да се чувствувате добро. Не ви е потребна специјална опрема или место за тренирање. Доволно се пар добри патики и малку упорност. Трчањето е корисно и ефикасно за лечење на многу болести. Индиректно влијание врз централниот нервен систем и  врз кардиоваскуларниот систем  што носи позитивни здравствени ефекти врз целиот организам.

Зошто да започнете со трчање?

1) Подобро срце

Трчањето ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем. Срцето станува помоќно, а крвните садови поелеастични.

2) Посилни бели дробови

Го зголемува белодробниот капацитет. Допринесува за зголемена циркулација и поголем проток на кислород и хранливи материи до сите органи, ткива и клетки.

3) Помалку стрес

Одлично средство против напностост и стрес. Стресот се акумулира во организмот преку целиот ден што предизвикува нервоза и раздразнетост. Трчањето ќе ви помогне да го намалите стресот и буквално да заборавите дека сте биле нервозни.

4) Повеќе среќа

За време на трчањето во крвта се ослободува хормонот на среќа ендорфин. Тој е причината за позитивната енергија која се чувствува после тренингот.

5) Решавање проблеми

Доколку некој проблем ве мачи цел ден, направете кратка пауза со трчање или прошетка. Потоа вратете се на проблемот и решението ќе биде пред вас. Додека сте физички активни го зголемувате крвотокот во мозокот, така го освежувате. За тоа време вашата потсвест сеуште работи на проблемот и го согледува од друга перспектива.

6) Зголемен имунитет и подобра крвна слика

Трчањето го зголемува имунитетот и ја подобрува крвната слика преку зголемување на бројот на црвени крвни зрнца (еритроцити) и зголемување на концентрацијата на хемоглобин.

7) Забрзан метаболизам

Трчањето го намалува холестеролот во крвта и ја подобрува работата на цревата. Сето тоа го забрзува метаболизмот и придонесува за нормализирање на телесната тежина.

8) Регенерација на црниот дроб

Многу научни истражувања покажуваат дека трчањето предизвикува регенерација на црниот дроб и подобрување на фукцијата на бубрезите.

9) Намален ризик од остеопороза

Трчањето има позитивен ефект врз мускуло-скелетниот систем. Допринесува за зголемување на густината на коските и намалување на ризикот од развој на остеопороза во поодминати години. Исто така трчањето го намалува ризикот од развој на дегенеративни промени на зглобовите и мускулното ткиво.

Кога да трчате?

Трчање наутро

Наутро во крвта е зголемена концентрацијата на хормонот кортизол (хормон на стрес кој почнува да се лачи веднаш по будењето). Трчањето во овој период ќе ве опушти и ќе го врати организмот во хармонија. Ова е добра причина да направете пауза од утринското кафе.

Трчање навечер

Трчањето навечер има уште повеќе придобивки. Доколку сте зафатена личност, вечерното трчање е најдобар начин да заборавите на сите грижи од работата и да ги наполните батериите. Како бонус, ќе го намалите апетитот и ќе спиете како бебе.

Можеби ќе ве интересира: Што ме научи мој прв истрчан полумаратон!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *