9 утрински навики кои можат да ви помогнат да ги намалите килограмите

Споделете со пријателите

Без разлика каква ви е целата во губењето килограми, понекогаш сето тоа изгледа толку невозможно и фрустрирачко, што скоро и да немате веќе нерви да размислувате за килограмите. Сепак, многу често позади големите работи се кријат мали нешта и трикови кои ги прават тие работи возможни. Така е и со слабеењето…можеби нешто правите погрешно во целиот тој процес на обидување да загубите 2, 3 или 5 килограми.

Овие 9 утрински навики можат многу да ви помогнат доколку долго време се борите со вишокот килограми. Мали, но корисни навики и трикови кои ќе направат многу за вашето здравје и тело:

  1. Спијте доволно

Доволно сон е еден од клучните фактори за добро здравје. Едно истражување кое го спровеле повеќе научници во Портланд, САД, покажува дека луѓето кои сакаат да ослабат можат да го забрзаат овој процес доколку спијат доволно и гледаат да ги намалат стресот и нервозата на минимум.

Доволно сон значи и добар хормонски баланс, исполнетост и повеќе енергија. Квалитетниот сон ќе ви помогне да го регулирате апетитот и да ги намалите честите напади на глад во текот на денот.

  1. Разбудете се со чаша свежо цеден сок од лимон

Чаша свежо исцеден сок од лимон и вода е одличен напиток за старт на денот. Лимонот помага за отстранување на штетните материи од телото и спречува појава на констипација. Лимонот е одличен извор на витамин Ц, кој е моќен антиоксиданс, дополнително го јакне и имуниот систем и создава одлична антивирусна и антибактериска бариера во телото.

Доколку пиете сок од лимон наутро на гладен стомак правите стимулација на производството на жолчка од црниот дроб што го олеснува варењето во текот на целиот ден.

  1. Практикувајте ладен туш наутро за забрзување на циркулацијата

Ладниот туш е одличен за забрзување на циркулацијата и будење на телото. Доколку практикувате туширање веднаш по будењето, пробајте следниот пат водата да не биде многу топла, така ќе ја забрзате циркулацијата и ќе го забрзате исфрлањето на токсини од телото, што може многу да помогне во намалување на килограмите и целулитот.

Можеби ќе ве интересира: 7 предности од ладното туширање.

  1. Кафето не го засладувајте и не му додавајте млеко

90% од луѓето денот го започнуваат со чаша кафе, практикувајте кафето да го пиете без додатоци затоа што на тој начин внесувате само дополнителни и непотребни калории кои гледано на долгорочен план можат многу да влијаат на вашите килограми.

Уживајте во утринското кафе без да додавате дополнителни додатоци, а доколку навистина морате, бидејќи не ви е вкусно да пиете горко кафе, тогаш додадете стевиа или пак ½ лажичка мед.

Можеби ќе ве интересира: 5 начини како да го направите кафето поздраво

  1. Јадете појадок кој е богат со протеини

Тоа што го јадете наутро, може да има многу големо влијание врз тоа каква храна ќе внесувате во текот на целиот ден. Доколку имате оброк богат со протеини за појадок, тоа ќе ве направи да се чувствувате сити и нема да имате криза и напади на глад во текот на денот кои можат да предизвикаат да паднете во искушение и да посегнете по хамбургер.

  1. Пијте многу вода

Консумирањето на вода наутро е одличен начин да го забрзате слабеењето. Консумирањето на вода на празен стомак го забрзува метаболизмот и ја зголемува потрошувачката на калории.

Во една студија во која учествувале 14 здрави индивидуи кои пиеле по 500 ml вода дошло до забрзување на метаболичката рата за 30% во просек (повеќе прочитајте тука).

  1. После будењето задолжително мерете се секој ден

Контролирање на тежината на дневна база е еден од најдобрите начини да ги држите килограмите под контрола. Мерете се секој ден и доколку гледате дека вагата секој ден покажува по 100 или 200 g повеќе…тогаш време е да превземете нешто.

Многу е полесно да ги намалите тие 200 или 300 g кои се незабележителни, отколку да се трудите да ги намалите кога ќе станат 2 или 3 килограми (ако не се мерите нема да знаете дека сте качиле 300 или 500 g, затоа што тоа е многу малку за да се забележи физички).

Ако се мерите постојано, ќе ја одржувате килажата секогаш во граници во кои вие сакате!

  1. Вежбајте на гладен стомак

Вежбањето рано наутро на гладен стомак има најголем ефект кога е во прашање слабеењето. Доколку вежбате на гладен стомак ги трошите мастите и го забрзувате слабеењето.

Утринските тренинзи се најдобри и имаат повеќекратни бенефити за здравјето.

Прочитајте повеќе на линкот: 15 причини зошто треба да вежбате наутро.

  1. Направете план што ќе јадете за ручек

Доколку однапред испланирате што, каде и колку ќе јадете за ручек многу се помали шансите да се прејадете и да внесете повеќе калории отколку што реално му се потребни на вашето тело. Доколку работното време не ви дозволува да ручате дома, тогаш подгответе си го ручекот претходниот ден и земете си го со себе на работа. Практикувајте да имате секогаш свежа салата со ручекот и да не мешате јаглехидрати со протеини, со цел полесно и побрзо телото да ги испроцесира и искористи нутритиентите.

Можеби ќе ве интересира: 7 трикови како да јадете помалку и поздраво.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *