Аеробик или Пилатес? Што е поефикасно за обликување на телото?

Бидејќи постојано добиваме прашања од типот “Што е подобро за мене, не знам дали Аеробик или Пилатес?”, ќе се обидеме на направиме краток пресек и објаснување за тоа што добивате од Аеробикот како физичка активност, а што од Пилатесот и да ги одговориме најчестите прашања кои ги добиваме од нашите клиенти.

  • Дали повеќе се слабее од Аеробик или од Пилатес?
  • Јас никогаш до сега не сум вежбала, не знам со што да почнам?
  • Јас имам повеќе од 50 години и не знам дали ќе можам да издржам, да не ми биде пренапорно?
  • Јас вежбам долго време и не знам дали комбинација од Аеробик и Пилатес би ми била доволна?

Како фитнес студио за Аеробик и Пилатес, ова се најчестите прашања со кои се соочуваме секојдневно.

Луѓето секој ден стануваат се посвесни за важноста на физичката активност во одржување на здравјето и бројот на луѓе кои вежбаат постојано е во пораст, а што е најизненадувачки е што бројот на повозрасни вежбачи се почесто расте.

Иако групите на луѓе кои вежбаат кај нас се мешани и се застапени сите старосни групи, сепак најбројна е групата на вежбачи од 25 до 40 години. Изненадувачки е фактот што и повозрасните над 50 години се почесто се активираат и се решаваат да започнат со физичка активност.

На младите секако дека најбитен им е изгледот и најчесто вежбаат за да имаат убаво обликувано тело, но како што поминуваат години сите сфаќаме дека здравјето е тоа што ни е најбитно и дека вежбањето би требало да биде дел од нашето секојдневие само заради тоа што има безброј позитивни ефекти врз целокупното здравје.

Сега да се вратиме на прашањата и да се обидеме да ви ги одговориме по ред 🙂

  • Дали повеќе се слабее од Аеробик или од Пилатес?

Било која физичка активност доколку ја комбинирате со здрав начин на исхрана ќе има ефекти врз килограмите. Кога е во прашање Аеробикот или Пилатесот и треба да изберете едно или друго, за иницијално слабеење подобар е Аеробикот, затоа што сепак тоа е кардио активност која претежно ги активира големите мускули и ви го забрзува пулсот.

Аеробикот троши многу калории, дури до 600 калории за време од 60 минути, што сепак зависи од тежината и висината кои ги имате. На забавен начин преку ритмички движења изведени на мотивирачка музика, нема ни да почувствувате кога поминале 60 минути, а вие веќе ќе бидете извежбани 🙂

Пилатесот можеби троши помалку калории, но од друга страна има посилен ефект врз мускулите. Тој ги обликува мускулите на елегантен начин и формира мускулни влакна кои траат за цел живот.

Најдобри ефекти за телото сепак се постигнуваат со комбинација од активности, Аеробикот троши иницијално повеќе калории и помага за слабеење, а со Пилатесот си ја подобрувате координацијата, еластичноста, држењето на телото и едноставно ги тонирате мускулите.

За оптимални резултати комбинирајте 2 часа неделно Аеробик со 2 часа неделно Пилатес. Доколку временски 4 пати вежбање ви е многу, тогаш направете било каква комбинација од 3 часа на пр. 2 часа аеробик со еден пилатес или обратно, ефектите секако се загарантирани.

  • Јас никогаш до сега не сум вежбала, не знам со што да почнам?

Никогаш не е доцна да се започне со било што во животот, дури и да имате повеќе од 60 години. Нашето тело е толку паметно и способно така што многу брзо учи нови работи. Замислете колкава услуга му правите не само на телото туку и на умот кога започнувате нови работи.

Вежбањето не познава ограничувања и без разлика колку години имате и дали некогаш сте биле физички активни или не, секогаш можете да започнете.

Нашето студио нуди почетнички Пилатес часови (low impact pilates) за луѓе кои долго време не биле активни или пак воопшто не биле активни во животот. Овие часови покрај тоа што се наменети за луѓе кои се почетници, се наменети и за оние кои не се љубители на агресивното вежбање.

Комбинирајќи вежби за флексибилност и тонирање, нашите часови се наменети за сите возрасни групи.

После часот ќе си ја чувствувате забрзана целата циркулација и ќе се чувствувате среќно и исполнето.

Термини: вторник/четврток/сабота од 18.00 часот (контакт: 071 273 982 или 077 766 950)

Локација: ул. Невена Георгиева Дуња бр. 1 (кај Стара Рампа, Кисела Вода).

  • Јас имам повеќе од 50 години и не знам дали ќе можам да издржам, да не ми биде пренапорно?

Како што веќе спомнавме возраста не треба да биде изговор за вашата физичка неактивност. На телото во тој период од животот му е потребна физичката активност повеќе од никогаш. Доколку започнете да вежбате во тој период од животот не само што ќе се чувствувате подобро туку и ќе си го подобрите целокупното здравје и држење на телото. Доколку сте имале проблеми со мускуло-скелетниот систем тие веројатно ќе исчезнат.

  • Јас вежбам долго време и не знам дали комбинација од Аеробик и Пилатес би ми била доволна?

И конечно да, тука сме и за тие кои долго време се активни и им е потребен вистински предизвик. Комбинацијата од Аеробик и Power Pilates е одлична за вистински boost на телото и метаболизмот. Комбинирајте ги како сакате, можете да вежбате дури и 6 часа во неделата, а ние ви гарантираме дека ќе бидете супер извежбани, мотивирани и многу задоволни.

Пилатесот и Аеробикот во комбинација се одлични затоа што го раздвижуваат буквално секој ден од телото, ги вежбаат и оние мускули кои не ни знаеме дека постојат и ви овозможуваат да направите мускули кои траат долго време. Резултатите ќе ги почувствувате после неколку недели вежбање, а убавото чувство што ќе ве обзема после тренинг ќе ве тера никако да не се откажете.

Нашето студио FitLife Fitness Studio е лоцирано на две локации во Скопје и тоа: Кисела Вода (прочитајте повеќе) и Козле (прочитајте повеќе).

На локацијата во Козле имаме слободни места само во утринската група во вторник/четврток/недела од 10 часот.

Можеби ќе ве интересира: 15 причини зошто треба да вежбате наутро

На локација Кисела Вода имаме слободни места во следните групи:

  • Low Impact Pilates (mat, ball и cardio) – вторник/четврток/ сабота од 18.00 часот
  • Power Pilates – понеделник/среда/петок од 19.00 часот
  • Аеробик (step, energy и mix) – понеделник/среда/петок од 18.00 часот и вторник/четврток/сабота од 20.00 часот
  • AfterWork training – вторник/четврток од 17.00 часот
  • Утрински Пилатес (mat, ball и mix) – понеделник/среда/сабота од 09.00 часот

Тука сме за Вас, да Ве мотивираме, насочиме и да Ви помогнеме да си го промените животниот стил. Кај нас нема да добиете само одличен тренинг, туку и супер мотивација и многу совети поврзани со исхраната и здравиот начин на живот!

Побрзајте и резервирајте си место во некоја од нашите групи на тел: 071 273 982 или 077 766 950.

Повеќе за типот на часови и месечната членарина прочитајте тука.

Фото: Vrzalski Photography

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *