Аеробикот и слабеењето

Споделете со пријателите

Дали со аеробик ќе ослабам побрзо?

Ова е дефинитивно едно од прашањата кои ги добивам најчесто. Одговорот на ова прашање прочитајте го во текстот во продолжение.

Што претставува аеробикот?

Аеробикот е кардио активност со која се активираат големите мускулни групи во телото. Аеробикот ги активира белите дробови и ги “тера” да работат понапорно внесувајќи во телото повеќе кислород кој е неопходен за ослободување на енергија во мускулите што овозможува нивно движење.

Интересно е тоа што аеробикот најчесто се изведува на ритмична музика и самото вежбање е динамично и забавно. Нема ни да почувствувате кога поминал еден час, а вие веќе сте потрошиле над 600 калории.

Кои се придобивките од вежбањето аеробик?

Кардиоваскуларната активност има огромни придобивки врз целокупното здравје. Но некои од позначајните се следни:

  • зголемено ниво на енергија
  • го намалува стресот и го подобрува менталното здравје како резултат на ослободување на ендорфини во мозокот
  • ја подобрува ефикасноста и работата на срцето и белите дробови
  • го намалува крвниот притисок, пулсот на срцето при одмарање и го намалува ризикот од срцев удар
  • го регулира шеќерот и помага за превенција од дијабет тип II
  • го регулира апетитот
  • троши многу калории и го олеснува слабеењето (еден час ефективен аеробик троши минимум 600 калории)

Како аеробикот го олеснува слабеењето?

Имав еден пост во кој убаво објаснив за тоа дали постои спор и брз метаболизам, постот можете да го прочитате тука.

Јасно е дека за телото да слабее е потребно да го доведеме во калориски дефицит. Аеробикот како активност која троши многу калории е идеална за зголемување на потрошувачката на калории на дневно ниво промовирајќи на тој начин полесно губење на килограмите.

Еден килограм масно ткиво во себе содржат 9000 калории, затоа што 1 g масти содржи 9 калории. Тоа би значело дека за да изгубиме 1 kg масти ние би требало да го ставиме телото во калориски дефицит од 9000 калории.

Како е најлесно да го постигнеме тоа?

9000 калории поделено на 14 дена или 2 недели е околу 650 калории. Тоа се отприлика толку калории колку што се трошат со 1 час ефективен аеробик.

Во пракса тоа би значело дека и да не правите никакви промени во исхраната (сепак да не претерувате), но да започнете да вежбате аеробик, вие за две недели ќе намалите 1 килограм масно ткиво.

Овој процес е многу позабрзан и поефикасен доколку е пропратен и со здрава и избалансирана исхрана.

Сигурно ќе ве интересира: предлог 7 дневно мени за полесно слабеење.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *