Baby Cheesecake (7+ месеци)

Александра е млада мајка на прекрасниот мал Огнен, по професија технолог, посветена на здравиот начин на живот, зависник од говење здрава храна, фитнес и инстаграм. На нејзиниот инстаграм профил инспира со многуте совети за практично мајчинство, но и со интересни и здрави оброци. Таа сподели со нас еден одличен рецепт кој верувам ќе ви се допадне.

Со оглед на фактот што и мојата малечка Ана за брзо ќе почне со дохрана, рецептот од мама Александра за подготовка на baby cheesecake ми се виде повеќе од совршен, не за друго и јас обожавам cheesecake 😊.

Ви го пренесуваме во целост.


Откако го имам Огнен да го диктира темпото на денот, многу ретко наоѓам време да експериментирам со храна и нови предлози за него, што секогаш одам со практичните варијанти за бебе оброци, веќе проверени и испробани. Но, овој пат си оставив малку простор да припремам нешто различно за него, кој е 7 месеци + па наидов на ова супер рецептче на интернет кое со мала измена испадна одличен десерт. Генерално, она што сакам најмногу кај рецептите е да се прават брзо, во спротивно не ни ги дочитувам 😆 Па така и се решив за овој лесен десерт, кој верувам дека ќе ви се допадне и на вас и вашите најмали.

Рецептчево е лесно и не одзема воопшто време, so give it a try😆

Состојки:

  • 200 g мелени беби бисквити или можете и обични
  • 100 ml растопено кокосово масло
  • околу 150 g полномасно кисело млеко
  • фил: пасирано овојше

Начин на подготовка:

Бисквитите се мешаат со кокосовото масло до соединување на смесата. Се полнат најдолу чашките со бисквити, па среден ред кисело млеко (за поголеми беблаци може и полномасна павлака) и најгоре топингот по желба. Јас користев сливи, авокадо, нектарини и банана.

Се на се ви се потребни околу 15 минути и на крај задоволни и мама и бебе 🙂

https://www.instagram.com/p/BwB9u6ODfMf/

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *