Балансиран појадок – чиа пудинг со јогурт

Споделете со пријателите

Сигурно се сеќавате на еден од моите најчитани постови – 3-те најчести грешки со појадокот.

Листата на балансирани појадоци сега можете слободно да си ја дополните и со овој чиа пудинг со јогурт кој содржи одличен баланс на сите макронутритиени кои се неопходни за енергичен старт на денот.  

Пудингот се подготвува брзо и едноставно. Можете да си го направите дури и во тегличка и да си го земете со вас на работа.

Потребни состојки:

  • 3-4 лажици чиа семе
  • 200 ml Баланс+ јогурт
  • ½ банана
  • боровинки
  • 1 лажица мелени бадеми или околу 10-тина цели.

Начин на подготовка:

Чиа семето се потопува со половина од количината на јогуртот или со околу 100 ml, најмалку 2-3 часа, најдобро е да ги оставите преку ноќ.  

Следното утро во блендер ставете ги другите 100 ml Баланс+ јогурт, додадете ја бананата, боровинките и бадемите и блендирајте кратко. Додаде го овошниот дел од пудингот во садот со чиа семето и јогуртот кои веќе добиле убава структура.

Декорирјате по желба. Јас ставив свежи јагоди и уште малку мелени бадеми.

Овој оброк е одлично балансиран и содржи:

  • 369 калории
  • 17.5 g протеини
  • 42.7 g јаглехидрати
  • 15.3 g масти
  • 19 g влакна.  
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *