Балансиран појадок со житарици и зеленчук

Споделете со пријателите

Овој појадок е одличен затоа што можете да го подготвите и спакувате навечер и да си го земете со себе на работа.

Комбинацијата од свежи зеленчуци и варена киноа е одлична за старт на денот затоа што ги содржи сите потребни нутритиенти за почеток на денот.

Одличен спој на макронутритиенти кој ќе направи да се чувствувате сити и здрави.

Подолу се излистани состојки кои одговараат за подготовка на две порции.

Нутритивни вредности по порција: 435 калории, 58.4 g јаглехидрати, 19.2 g масти и 11 g протеини.

Можеби ќе ве интересира: Како и зошто треба да јадете киноа?

Потребни состојки (за две порции):

  • 2 чаши варена киноа (или ‘ртена во вода)
  • ½ авокадо
  • листови свеж спанаќ
  • домат
  • ½ кромид
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку хималајска сол и црн бибер.

Начин на подготовка:

Најпрвин ситно насечкајте го зеленчукот, потоа во длабока чинија измешајте го заедно со киноата. На крај зачинете со маслиново масло, хималајска сол и црн бибер.

Доколку сакате по желба можете да додадете и 1 лажичка сенф.

Можеби ќе ве интересира: 5 идеи за здрав појадок во тегличка

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *