Балансиран појадок во чаша – овошен јогурт со житарици

Споделете со пријателите

Секогаш кога подготвувате појадок или смути наутро не го правете само со овошје. За да добиете вистински и балансиран оброк кој ќе ги содржи сите макронутритиенти секогаш додадете во него семки, житарки или пак путер од јатки.

Можеби ќе ве интересира: 3 најчести грешки со појадокот

Потребни состојки:

  • 3-4 лажици варени цели зрна овес или некоја друга житарка (кај мене беше мешавина од варен овес и хељда)
  • 1 чаша Баланс+ јогурт
  • ½ банана
  • 1 киви
  • 1 лажичка ленено семе
  • 1 лажичка семки од тиква
  • 1 лажичка семки од сончоглед.

Начин на подготовка:

Ставете се во блендер и ете го појадокот. Готов за помалку од 1минута, а добивате вкусен и балансиран оброк полн со витамини, минерали и хранливи нутритиенти.

Како да ги подготвите зрната овес и хељда?

Најдобро е да ги покиснете во вода претходната вечер и следното утро да ја фрлите водата и убаво да ги измиете. Потоа ставете ги со нова вода и варете ги на тивок оган. За отприлика 10-тина минути ќе бидат готови (ќе видите кога целосно ќе омекнат). Процедете ги од вишокот вода и складирајте си го остатокот во фрижидер. Може да ги користите и неколку денови за подготовка на појадок.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *