Банана лепче со суво овошје

Споделете со пријателите

Ништо генијално, но сепак практично и одлично за појадок или вечера и за мали и за големи. Јас често правам, но секогаш различни варијации, некогаш наместо со банана знам да ставам пире од јаболка или пак од тиква.

Секако е убаво, вкусно и меко!

Еве го рецептот за банана лепчето од сликата:

  • 1 чаша интегрално пченично брашно
  • 1 чаша мелени овесни снегулки
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 50 g суво грозје
  • 50 g сува брусница
  • 2 јајца
  • 1 поголема банана или 2 помали
  • 10-тина урми
  • 3 лажици маслиново масло.

Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги јајцата, бананите, урмите и маслиновото масло. Убаво соединете ја смесата. Потоа во друг сад измешајте ги пченичното брашно, мелените овесни снегулки, прашокот за пециво и сувото овошје.

На крај соединете ги двете смеси.

Ставете го лепчето да се пече во правоаголно долгнавесто плехче на хартија за печење.

Се пече околу 20-тина минути на 180˚С. Потоа можете да го оставите во топла рерна за да се подисуши малку.

За време на печењето можете да му ставите фолија одозгора зошто мене првите 10-тина минути ми зарумени скрос одозгора и до крај на печењето личеше како да е прегорено, иако сепак беше превкусно 😊

Ние си јадевме со нашиот најомилен џем од сливи без шеќер и со мед и таан.

Без сувото овошје, без урмите и само со жолчки можете слободно да им давате и на бебиња кои се 8+ месеци, бананата ќе си ја даде потребната слаткост секако 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *