Промотивни бесплатни часови Аеробик и Пилатес во FitLife Fitness Studio

Почитувани фанови како што веќе знаете оваа сезона FitLife Fitness Studio се шири на уште една локација во Скопје, покрај веќе постоечката во Козле.

Oд 1-ви септември започнуваме со часови и во Кисела Вода (ул. Невена Георгиева Дуња бр. 1, Стара Рампа, веднаш позади казиното, во истиот објект има и Златна Копачка).

Прочитајте повеќе: FitLife Fitness Studio – Кисела Вода

Сакајќи да ви пренесеме дел од секојдневната атмосфера на нашите часови, но и да се запознаете со типовите на тренинзи кои ги нудиме, на 29.08 (среда), 30.08 (четврток) и 31.08 (петок) организираме промотивни бесплатни часови според распоредот на сликата.

Добредојдени се сите кои сакаат да ги почувствуваат придобивките од физичката активност.

Ние сме подготвени и со нетрпение Ве очекуваме!

Ви ветуваме сезона исполнета со многу успешни тренинзи, насмевки и одлична дружба!

Тука сме за Вас, да Ве мотивираме, насочиме и да Ви помогнеме да си го промените животниот стил. Кај нас нема да добиете само одличен тренинг, туку исупер мотивација и многу совети поврзани со исхраната и здравиот начин на живот!

На новата локација во Кисела вода со часови официјално започнуваме на 1-ви септември, според распоредот на сликата.

Резервирајте си место во некоја од нашите групи на тел: 071 273 982 или на 077 766 950, затоа што бројот на места ни е ограничен.


Доколку сакате да ја почувствувате и видите атмосферата на нашите часови погледнете го видеото во продолжение, а повеќе за нас прочитајте на линкот – FitLife Fitness Studio – локација Кисела Вода.

https://www.instagram.com/p/Bm2a7RgHtKs/?taken-by=fitlife_pilates_aerobic

facebook група: Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio

facebook страна: fitlife.com.mk 

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *