Бомбици со кршената гранола и банана

Споделете со пријателите

Здрави бомбици за убав почеток на денот. Заедно со топло црно кафе се одлични за утринско будење и на телото, но и на дигестивниот тракт.

Потребни состојки:

  • 6 кршени гранола барови
  • 1 лажица таан од интегрален сусам
  • 1 лажици мед
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици мелени семиња (семки од тиква, сончоглед, сусам и лен)
  • 1 банана
  • 50 g мелени непечени бадеми
  • сок од цеден портокал.

Начин на подготовка:

Во сецко или блендер ги ставате кршените гранола барови и ги сецкате на уште поситни делови. Потоа во сецкото ги мелете/блендирате и бадемите. Кога ќе се измелат ја додавате бананата и мешате дури смесата не се соедини.

Во друг длабок сад ја истурате кршената/мелена гранола (оставете малку од гранолата за валкање) и мелените бадеми соединети со бананата, го додавате таанот, медот, мелените семиња, кокосовото масло и сокот од портокал.

Со лажица мешате интензивно дури смесата не се соедини и потоа ја оставате околу половина час во фрижидер за убаво да се згусне и да можат да се обликуваат топчиња.

На крај формирате топчиња кои ги валкате во мелената гранола. Формираните гранола топчиња ги складирате во фрижидер, можете слободно да ги чувате и до 10 дена.

Одлични се за појадок затоа што ќе ви дадат многу енергија.

Уживајте!!!

За да биде појасно како се подготвуваат, погледнете го нашето видео.

Во соработка со:

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *