Брзи интегрални тостерки

Всушност се што правам овој период е брзо затоа време се помалку имам, но сепак готвам секој ден и за бебе и за нас затоа што ми е битна нутритивната вредност и квалитетот на храната која ја внесуваме.

За пола саат бев готова и со печење и со декорација, така што многу полесно од палачинки, мафини и слично.

Состојки: (за околу 20 тостерки):

  • 140 g овесни снегулки ( 6-7 лажици отприлика)
  • 30 g интегрално ржано брашно (2 лажици отприлика)
  • 30 g интегрално пченично брашно (2 лажици отприлика)
  • 2 јајца
  • 3 лажици маслиново масло
  • 50-70 ml јогурт (некоја мала чашка)
  • 1 лажица мед
  • многу малку сода бикарбона.

Подготовка:

Брашното и снегулките ги ставив во блендер за да се соединат убаво, но и снегулките да се направат брашно за да имаат на крај поубава текстура. Потоа во блендерот ги ставив јајцата, маслото, јогуртот и медот. На крај се соединив и додадов малку сода бикарбона. Со лажица ставав мали топчиња на тостерот кој претходно добро го загреав (на најјако).

Брзо се печат, по минута максимум.

Многу се вкусни и вака без ништо да ги јадете, ние ги комбиниравме со путер од кикиритки, џем од вишни, мед и свежи боровинки.

Одличен нутритивно вреден десерт, но може да ви биде и појадок, а и со кафе ќе се комбинираат совршено.

Ако направите, чекам слика или таг <3

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *