Чаеви кои го помагаат слабеењето

Чаевите во целина поволно влијаат на општото здравје, а некои одредени типови на чаеви имаат специфично дејство и успешно се користат за одредени заболувања или пак за слабеење.

Чаевите се водени екстракти на различни билки и некои од нив имаат навистина богат состав и содржат природни хемиски супстанци кои многу поволно влијаат на здравјето.

Проблемот со вишок килограми е најчест проблем помеѓу популацијата и многу често дебелината претставува корен и на многу други хронични заболувања. Во контекст на слабеењето и намалување на килограмите, пред се поради здравствени причини ви даваме предлог листа на чаеви кои би можеле да го помогнат слабеењето. Сепак слабеењето и намалувањето на килограмите е еден сложен процес, кој секако дека треба да биде пропратен со здрава исхрана и задолжително со физичка активност.

Зелен чај

Зелениот чај ја забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на мастите во телото. Тоа се случува благодарение на кофеинот и супстанцијата EGCG (Epigallocatechin Gallate), кои влегуваат со составот на зелениот чај.

Бел чај

Белиот чај се добива од иста билка како и зелениот чај и затоа имаат слични дејства. Овој чај содржи супстанци кои спречуваат формирање на нови масни клетки. Дополнително белиот чај исто така го забрзува и метаболизмот.

Црн чај

Кога станува збор за црн чај треба задолжително да се знае дека тој содржи многу повеќе кофеин и од зелениот чај, но и од кафето. Токму кофеинот е супстанца која ја забрзува циркулацијата и ја потпомага потрошувачката на калории и масни наслаги во телото.

Чај од глуварче

Овој билен чај помага за подобрување на варењето на храната и исфрлање на вишокот на вода од организмот што може да помогне кај оние кои имаат проблем со задршка на течности, што многу често е причина за неколку килограми плус на вагата.

Чај од нане

Чајот од нане содржи супстанци кој помагаат доколку имате проблеми со варењето на храната и често имате грчеви во цревата. Дополнително нането е одлична билка која го намалува апетитот. Направете си чај од нане секогаш кога ќе помислите на храна, а сте свесни дека не ви се јаде туку посегнувате по грицкање од досада.

Специјален додаток во сите чаеви – цимет

Циметот делува директно врз клетките и ги стимулира да го искористат шеќерот од крвта при што се ослободува енергија. Некои истражувања покажуваат  дека циметот во овој поглед е многу поефикасен отколку лековите. Докажано е дека циметот може да го намали нивото на шеќер во крвта и до 29%. Ако се додаде и фактот дека циметот ја зголемува чувствителноста на клетките на инсулин, тоа сигурно го прави важен во исхрана за спречување на дијабетес.

Циметот помага во губењето на килограми со тоа што ја подобрува циркулацијата на крвта во телото. Добрата циркулација генерално ја подобрува работата на метаболизмот и затоа циметот е одличен сојузник во борбата за губење на килограми.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *