Имаме одличен предлог за подготовка на вкусен, нискокалоричен и одличен појадок.
Чиа пудинг со одличен прелив од малини. Едноставно, вкусно и здраво!
Интересни факти за чиа семето:
- чиа семето содржи 8 х повеќе Омега-3 од лосос
- 30% повеќе антиоксиданти од капина
- 25% повеќе влакна од ленено семе
- 5 х повеќе калциум од млеко.
Потребни состојки:
- 100 ml млеко (бадемово, кокосово или соино)
- 2 лажици чиа семе
- замрзнати малини (околу 50 g)
- ½ чаша вода.
Начин на подготовка:
Измешајте ги заедно млекото и чиа семето, оставете да отстои 5-10 минути. Направете густо смути од замрзнати малини, ако сакате поретко може да додадете повеќе вода.
Декорирајте со кокосово брашно, гоџи бобинки и малку ленено семе.
Уживајте во овој нискокалоричен и здрав појадок.
Рецептот и сликите се на Елена Ѓорѓиевска.
https://www.instagram.com/p/BoHA0vHH0JQ/?taken-by=elena_gorgievska_fitlife
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.