Чоко мафини со темно чоколадо

Дозволете му на вашето семејство да се храни здраво и стандардните десерти заменете ги со здрави десертите кои ќе станат секојдневие за вашите најблиски.

Белиот шеќер заменете го со некоја здрава алтернатива како: кокосов шеќер, мед, малтекс, јаворов сируп, маџун и сл., а белото брашно заменете го со интегрално, овесни снегулки, просо, киноа и сл., секогаш користете путер или кокосово масло наместо маргарин.

Имаме одличен предлог за подготовка на вкусни чоко мафини со темно чоколадо кои ќе бидат неодолив десерт за вашите најмили.

Потребни состојки:  

  • 2 јајца
  • 50 g путер
  • 4 лажици кокосов шеќер
  • 200 g интегрално брашно
  • 50 g мелени овесни снегулки
  • 2 лажички какао
  • 1 лажичка какаово масло(какао путер)
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • цимет
  • 100 g темно чоколадо со 70% какао.

Начин на подготовка:

Сите состојки освен чоколадото убаво измешајте ги (ако смесата е многу густа, додадете малку вода) чоколадо искршете го на чоколадни трошки и се уште не го додавајте во смесата.

Мафините ставете ги во силиконски колапчињата и печете ги во загреана рерна на 180°С околу 15-20 минути. При крај на печењето посипете ги мафините со чоколадни трошки!

Уживајте во десертот!

Начинот на подготовка можете да го видите и на нашето видео подолу.

Рецептот и видеото ги подготви Елена Ѓорѓиевска.

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *