Чоко тостерки/палачинки

Споделете со пријателите

Рецептот е многу лесен, без додавање на шеќер.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица кокосово масло (стопено)
  • ½  чаша овесно брашно (или оризово)
  • ½  чаша гриз
  • ½  банана (за блажина, може да додадете и мед )
  • ½ чаша (или малку повеќе) јогурт.

Подготовка:

Сите состојки добро измешајте ги (за побрзо изблендирајте ги) смесата треба да биде густа како за американски палачинки. Можете да испечете и на тостер, во рерна или на тава (што не лепи) без масло, а ако немате таква имам еден трик за вас!

Пред да ги пржите ставете во обичната тава лист хартија за печење и на тој начин нема да вие потребно масло плус.

Декорирајте по ваш избор! Јас ставив малку џем  од Берово (здрав без шеќер) павлака и мешавина на јаткасти и семки и киви.

На здравје!

Рецептот и сликата се на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *