Чоколаден крем од бадеми

Споделете со пријателите

Веќе цела недела си го имам во фрижидер и си го мацкаме со се.

За појадок со тостерки, на Ана и го мачкав и на лепче, за ужинка со јаболко, кајсија, денес го ставив и во овесна каша, пред некој ден и во сладолед.

Можете да го искористите во милион различни нутритивни комбинации.

Посебен е затоа што е доволно кремаст, но со мала слатка и чоколадна нота.

Потребни состојки:

  • 400 g несолени бадеми (кратко запечени во рерна без ништо)
  • 10-тина урми
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица мед
  • 100 ml од овесното млеко (рецепт).

Начин на подготовка:

Бадемите ги ставив во рерна кратко да се запечат, кога малку се изладија ги ставив во блендерот со сите други состојки и блендирав. Знаете дека сега користам појак блендер и кај мене релативно лесно се постигна оваа кремаста структура. Но, бидејќи се додава и течен дел мислам дека и било каков блендер може да го направи кремот. Пробајте со помала количина, па ако ви успее направете поголема доза како мене. Ако негде заглави блендерот додадете му слободно уште малку овесно млеко, но не премногу.

Комбинации со кремот има многу. Чувајте го во стаклена тегла во фрижидер. Може да стои и до 10 дена.

На здравје

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *