Брзи, вкусни и здрави. Подгответе ги овие мафини за појадок или пак за вкусен и здрав десерт во било кој дел од денот.
Потребни состојки:
- 1 јајце
- 100 g овесно брашно (оризово или интегрално)
- 100 ml јогурт
- 80 g пасирана банана
- 1 лажичка прашок за пециво
- 2 лажици рогач (или какао)
- мешавина од јаткасти плодови и семки – за одозгора
Начин на подготовка:
Сите состојки, освен семките и јатките измешајте ги во длабок сад или пак за побрзо изблендирајте. Семките и јатките ставете ги на крај одозгора.
Најдобро е да користите силиконски калапи за печење за да не додавате масло, но ако користите обични или пак хартиени додадете во секој калап по капка кокосово масло или малку путер.
Печете ги во добро загреана рерна на 180˚С околу 25-30 минути.
Доколку ги изоставите целите јатки одозгора слободно можете да ги давате и на дечиња/бебиња над 9 месеци.
На здравје!
Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.