Дали е тренингот е казна за се што сте изеле?

Споделете со пријателите

Многу често се случува жените да идат на дополнителен тренинг само затоа што изеле цело чоколадо или пак паднале во искушение и изеле цел хамбургер со помфрит….

Околу празниците да не ни зборуваме за искушенија…после Нова Година се поставуваат строги правила во врска со исхраната и вежбањето…

Искуството како инструктор низ годините само ми го потврдува сето тоа, затоа што на крај на јануари интересот за вежбање го достигнува пикот.

Но, дали правилно постапуваме? Дали храната навистина е грев, а тренингот казна за се што сме изеле?

Тренингот не треба да биде казна, тој треба да биде уживање!

Не вежбајте за да го потрошите тоа што сте го изеле!

Вежбајте затоа што си го сакате телото! Вежбајте за здравје!

Доколку му пристапите на вежбањето само поради тоа што се обвинувате и осудувате себе си за се што сте направиле, веројатноста дека ќе бидете упорни и истрајни е многу мала. Кога нешто правиме на сила, доаѓа момент во кој се ни е преку глава и лесно се откажуваме.

Пристапете му на вежбањето заради здравјето,  за да се чувствувате подобро, да имате повеќе енергија и кондиција. Вината што ја чувствувате заради изедената храна нека биде само едно мало делче од големиот мотивациски круг.

Се додека вашиот животен стил е во баланс, тој еден или два оброка со повеќе калории нема да ве здебелат и да ви ги “пореметат сметките”.

Како да го избегнете верувањето дека вежбањето е казна?

Едноставно, првиот следен фамилијарен ручек поминете го уживајќи во храната и во времето поминато со најблиските. Фокусирајте се на работите кои ве исполнуваат и ве прават среќни!

Престанете да размислувате за бројот на калории, јаглехидрати во оброкот и слично.

Јадете што ви се јаде и колку ви се јаде, се додека имате баланс и ваквите обилни ручеци ви се случуваат ретко, немате место за загриженост и вина.

Тоа што го правите преостанатите 364 дена во годината е многу помоќно и поважно од тој еден ручек, па колку калоричен и да биде.

Кои се вистинските причини за тренинг?

  • убавото чувство после вежбањето
  • подобрување на кондицијата
  • повеќе енергија и сила
  • ослободување од стресот
  • уживање
  • предизвикување на сопственото тело постојано да напредува
  • подобрување на квалитетот на живот.

Причини кои не би требало да ве мотивираат за вежбање:

  • да си ја “заработите” храната
  • казна
  • согорување на оброкот
  • затоа што си го мрзите своето тело.

Правете ги работите во животот за да напредувате, а не затоа што сакате да му се покажете на светот во некое поинакво светло.

Вежбањето треба да биде уживање, затоа што тренингот е благодет за телото и умот.

Моментот кога тоа ќе го сфатите, ќе сфатите дека вежбањето е награда, а не казна за се што сте изеле!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *