10 минутен тренинг за цврсти и обликувани стомачни мускули

Пролетното сонце е алармот кој ги активира и оние кои биле “најзаспани” за време на зимскиот период. Постојаното седење и физичката неактивност можат да направат да се чувствувате уморно и без енергија. Овој период од годината е вистинско време конечно да започнете да вежбате. Користете ги викендите правилно, максимално користете го саботното и неделното сонце за шетање и спортување во природа.

Во работните денови во кои се чувствувате уморно и немате време и сила да одите во теретана или пак да посетувате некоја групна фитнес активност како аеробик, пилатес, зумба, јога и сл. направете си тренинг во домашни услови кои ќе ви ги наполни батериите и ќе ви ја испразни негативната енергија насобрана во текот на целиот ден.

Овој краток 10 минутен тренинг ќе ви помогне да ги зацврстите и обликувате стомачните мускули од сите агли. Се што е потребно е желба, малку слободно време и упорност.

За максимални резултати практикувајте го овој тренинг 3 пати неделно во комбинација со активности во природа како пешачење, планинарење, трчање и возење велосипед.

Физичката активност не прави поенергични, помотивирани и поуспешни….затоа без изговори!!!

Повеќе видеа со вежби во домашни услови пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *