Детокс напиток кој согорува масти и го забрзува метаболизмот

Споделете со пријателите

Комбинацијата на овие состојки е одбрана така за да ви помогне во забрзување на топењето на масното ткиво и забрзување на метаболизмот.

Потребни состојки за детокс напиток:

  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажички јаболков оцет
  • 1 лажичка мед
  • 2 лажички лимонов сок
  • 1 чаша вода (200 ml).

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во чаша и измешајте ги. Исто така доколку сакате можете да ги ставите и во блендер. Консумирајте го овој напиток секое утро на празен стомак.

Резултатите ќе бидат неверојатни!

Што треба да знаете за состојките на овој напиток?

Сокот од лимон има алкален ефект врз целото тело и помага за регулацијана рН, исто така помага за регулација на шеќерот во крвта, а дополнително содржи и витамин Ц кој ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот.

Јаболковиот оцет содржи многу ензими и хранливи состојки и помага за намалување на крвниот притисок, намалување на мастите во крвта и регулација на шеќерот.

Медот е богат со многу витамини и минерали и е одличен сојузник на вашето здравје. Тој содржи многу ензими кој го подобруваат варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот.

Циметот е еден од најмоќните антиоксиданси помеѓу сите зачини. Исто така циметот е и одличен природен лек за намалување на шеќерот во крвта, како и контрола врз апетитот.

Можеби ќе ве интересира: Утрински напиток за чистење на дебелото црево.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *