Напитоци за пролетна детоксикација и прочистување на телото

Споделете со пријателите

Разбудете го телото со напиток кој ви даде енергија, ќе ви ги отвори очите на здрав начин, ќе ве наполни со нутритиенти и секако ќе ви помогне да го прочистите телото од токсини.

Имаме 3 одлични предлози за пролетни напитоци кои се одлични за прочистување на телото.

Зелен чај со лимон, мед и ѓумбир

Детокс напиток за убаво утро и енергичен ден. Комбинацијата на намирници е одлична за исфрлање на токсините од телото и контрола на апетитот.

Потребни состојки:

  • 1 кесичка зелен чај
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажичка мед
  • малку свеж рендан ѓумбир или ½ лажичка во прав
  • 250 ml зовриена вода

Начин на подготовка:

Кесичката зелен чај прелијте ја со зовриената вода и оставете 10 минути да се екстрахираат компонентите од зелениот чај.

Потоа во малку изладениот зелен чај додадете го сокот од лимон, медот и ѓумбирот. Убаво промешајте и по желба додадете неколку коцки лед.

Цитрус енерџи микс со цимет и мед

Освежувачки вкус кој ќе ви даде енергија и на здрав начин ќе ви ги отвори очите. Исто така бидејќи овој детокс напиток содржи цимет кој ќе ви помогне во регулација на инсулинот, а со тоа ќе ги намалите нападите на глад во текот на денот и ќе го контролирате апетитот.

Потребни состојки:

  • сок од ½ грејпфрут
  • сок од ½ портокал
  • сок од ½ лимон
  • 1 лажичка мед
  • ½ лажичка цимет
  • 250 ml вода.

Начин на подготовка:

Сите состојки измешајте ги во голема чаша и по желба додадете коцки лед.

Нане со спирулина и краставица

Одлична комбинација за зајакнување на имунитетот и за пролетно чистење.

Потребни состојки:

  • 1 кесичка чај од нане
  • неколку тркалца краставица
  • 1 лажичка органска спирулина во прав
  • 250 ml зовриена вода.

Начин на подготовка:

Кесичката чај од нане прелијте ја со зовриената вода и оставете 10 минути да се екстрахираат компонентите од чајот.

Потоа во малку изладениот чај од нане додадете ја спирулината и неколку тенки кругови краставица. По желба додадете неколку коцки лед.

Кој напиток и да го изберете нема да погрешите 🙂

Направете го правилниот избор за себе и за своето здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *