Домашни гранола барови

 

Тајната на добри домашни гранола барови лежи во две состојки, значи мора да имате засладувач и масна компонента.

Како засладувач може да се користи:  мед, агаве нектар, јаворов сируп, а како масна компонента путер од јатки, маслиново масло, кокосово масло.

Путерот од лешник е најдобра опција затоа што дава некоја специфична арома и вкус, јас за овие барови го користев путерот од лешник на Bonita Organic Nut Butters

Баровите кои можат да се купат во маркетите навидум изгледаат многу здраво, но ако ја свртите етикетата ќе сфатите дека во повеќето од нив преовладуваат шеќерите, а како масна компонента многу често се користи и палмино масло.

Еве кои се состојки ги ставив и добив 21 бар (1 бар – 30 g):

  • 3 големи чаши овесни снегулки
  • 150 g кршени јатки (јас користев несолени лешници, бадеми и индиски ореви)
  • 50 g суво грозје
  • 50 g сува брусница
  • 3 полни лажици мед
  • 4 лажици путер од лешник од Bonita Organic Nut Butters
  • 100 ml сок од јаболко (може и од портокал).

Сите состојки ги измешав и соединив убаво, потоа смесата ја натапкав во правоаголен плех и ставив да се пече многу кратко (околу 10-тина минути на 180˚С). На крај сечете на правоаголници.

Еден бар има:

  • 135 калории
  • 8 g јаглехидрати
  • 6 g масти од кои заситени само 0.7 g
  • 5 g растителни влакна (дневен препорачан внес е околу 25 g)

Барот содржи одличен баланс на макронутиртиенти. Можете да ги јадете како ужинка или прилог со утринското кафе.

1 бар, 1 банана и кафе мене ми е баш одличен појадок.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *