Едноставни здрави бомбици со брусница

Мешате заедно неколку едноставни, но здрави состојки и добивате вкусен десерт кој ќе биде неодолив за целото семејство. Состојките кои ни се излистани подолу се доволни да добиете околу 25 бомбици, сепак тоа ќе зависи од нивната големина.

Во соработка со: omniblend.mk

Нутритивни вредности по бомбица (вкупно 25 бомбици):

98.1 калорија, 7 g јаглехидрати, 7.6  g масти, 2.3 g протеини и 1.9  g влакна.

Потребни состојки:

  • 100 g лешници
  • 100 g ореви
  • 100 g сончоглед
  • 100 g сува брусница
  • 5 свежи урми без семка
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 рамна лажица какао.
  • малку какао и кокос за валкање.

Начин на подготовка:

Брусницата и урмите ги киснете еден час. Прво ги мелете лешниците, оревите и сончогледот, потоа ги додавате другите состојки и продолжувате со блендирање. На крај формирате бомбици и ги валкате во кокос и какао.

Нашите бомбици едвај издржаа да ги сликаме! 🙂

Начинот на подготовка можете да го видите и на нашето видео подолу.

https://www.instagram.com/p/BqO4OfLnvHb/

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *