Зошто задолжително треба да носите електролити со вас на одмор?

Море, плажа, сонце и уживање до бескрај…..

За летниот одмор да ви биде безгрижен каде и да одите носете си со вас една мини аптека која ќе ви се најде за секој случај.

Што задолжително треба да содржи таа мини аптека:

  • антихистаминици (против алергии)
  • крем против убод од инсекти
  • антибиотик
  • антипиретик (за температура)
  • капки за нос и капки за очи
  • крем со заштитен фактор
  • завои, памук, ханзапласт
  • задолжително електролити.

Електролитите се можеби најбитни затоа што кај многу луѓе за време на летниот одмор може да се појави патничка дијареја и повраќање.

Топлото време кое вообичаено на море е многу потопло отколку што е во местото каде живееме може да предизвика “шок” за телото и дехидратација.

Внимавајте на водата која ја пиете за време на летниот одмор затоа што најчест причинител за појава на дијареја за време на годишен одмор е контаминирана вода и храна.

Јадете храна и пијте вода за која сте сигурни дека е безбедна. Никогаш не пијте вода од чешма било каде и да одите!

Дијарејата за време на летен одмор во комбинација со топлото време може да биде сериозна состојба која мора да се третира навреме за да се спречи дополнително влошување.

Електролитите се тука прва помош и задолжително носете ги со вас каде и да патувате. Најдобро е да не ви затребаат, но во случај да се појави некоја од горенаведените состојби, тие се првите кои можат да ги ублажат сите симптоми и да спречат прогредирање на состојбата.

Што претставуваат електролитите?

Зборот електролити се однесува пред се на есенцијалните минерали кои се наоѓаат во нашата крв, пот и урина. Кога овие минерали се раствораат во вода, тие формираат електролити, односно позитивни или негативни јони кои се вклучени во метаболичките процеси.

Електролитите се вклучени во многу есенцијални процеси во телото како што се: одржување на интегритетот на клетките, пренос на нервните импулси, работа на срцето, но и воопшто сите клеточни процеси се овозможени од размената на јони помеѓу клетката и екстрацелуларната течност. Доколку дојде до промена на концентрацијата на тие јони, внатре во клетките или во екстрацелуларната течност доаѓа до низа пореметувањата кои може да предизвикаат многу сериозни нарушувања.

За нашето тело да може да функционира нормално ни се потребни електролити кои ги внесуваме со нормалната исхрана. Но во случаи на дијареја, зголемена телесна температура, повраќање, проливи, многу топло време и слично доаѓа до зголемени загуби кои мора да бидат надополнети.

Зошто електролитите се неопходни за правилно функционирање на телото?

Тие се пред се есенцијални за правилно функционирање на нервниот систем и мускулите.

Одговорни се за соодветна хидратација на телото и за одржување на рН на крвта.

Дури и мали промени во концентрацијата на јоните/електолитите во крвта можат да предизвикуваат значајни биохемиски пореметувања кои можат многу да ја влошат здравствената состојба на поединецот.

Многу е важно кај одредени состојби кај кои има загуба на електролити тие брзо и ефикасно да бидат надополнети за да се спречи можниот дисбаланс.

Електролитниот дисбаланс е лош за нашето здравје

Во одредени ситуации нивото на електролити во крвта може да стане многу високо или многу ниско. Овие промени може да имаат многу изразени последици по здравјето и во одредени ретки ситуации дури да предизвикаат смрт.

Електролитен дисбаланс во телото најчесто настанува како резултат на дехидратација која е предизвикана од топлина, повраќање или дијареја. Тоа е една од главните причини што се препорачува да се пијат повеќе течности кога времето надвор е топло или кога сме болни.

Освен погоре наведените состојби електролитниот дисбаланс може да предизвикаат и одредени болести на бубрезите, на цревата, изгореници и слично.

Доколку во телото дојде до минорен електролитен дисбаланс, најверојатно вие нема да почувствувате никакви симптоми, но затоа најдобро е да се превенира пред симптомите да станат изразени и да предизвикаат нарушувања.

Симптоми кои би можеле да се јават кај изразен електролитен дисбаланс: слабост, забрзано чукање на срцето или аритмија, трнење на рацете и нозете, мускулна слабост и грчеви, конвулзии, главоболка.

Кои електролити да ги земете со себе?

Алвоген О.Р.С. (орален рехидратационен раствор) се шумливи таблети кои се користат за едноставно и ефикасно лекување и спречување на дехидратација. Како додаток во исхраната ги надоместува неопходните соли и минерали, и на тој начин повторно воспоставува баланс во организмот.

Доаѓа во пакување од 12 ефервесцентни (шумливи) таблети. Едноставен е за употреба. За возрасни се раствораат 2 шумливи таблети во 200 ml вода. За новороденчиња и деца до 10 kg 1 таблета се раствора во 100 ml течност.

Во својот состав Алвоген О.Р.С. содржи: глукоза, натриум хлорид (NaCl), калиум хлорид (KCl) и лимонска киселина. Растворениот напиток има пријатна освежувачка арома на лимонада што го прави повкусен за консумирање.

При дијареа, повраќање и слично, најдобро е Алвоген О.Р.С. да се консумира веднаш. За оптимална ефикасност се препорачува да се пие полека, голтка по голтка.

Бидејќи е во супер практично пакување овој додаток во исхраната добро е секогаш да го имате со себе.

Не чекајте да се појават симптомите на дехидратација, користете го превентивно!

Можат да го користат и деца и бебиња

Алвоген О.Р.С. можат да користат деца од сите возрасти, вклучувајќи ги и бебињата. Пријатниот вкус кој потсетува на лимонада, го олеснува консумирањето на течноста која е неопходна да ги рехидрира децата.

За деца до 10 kg телесна тежина треба да се раствори 1 ефервесцентна (шумлива) таблета во 100 ml вода, дозирањето е на начин што детето за пиење најмногу може да консумира до 10 ml течност по килограм телесна тежина.

На пример, дете односно бебе од 5 kg телесна тежина би требало да испие 50 ml О.Р. С. течност. Кај мали бебиња можете О.Р.С растворот да го додадете и во кашичка.

Дете преку 20 kg телесна тежина се препорачува да испие 200 ml течност во која се раствораат 2 таблети.

Најдобро е да се спречи, не да се лечи!

Без разлика каде и да патувате, за вас или за вашите деца, имајте секогаш во куфер Алвоген О.Р.С шумливи таблети и бидете безгрижни!


Можеби ќе ве интересира:

Дехидратација кај децата за време на летото – колку е опасна, најчестите знаци, како да превенирате и како да третирате?

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *