7 чекори за успешна елиминација на вишокот вода од телото

Споделете со пријателите

Отечени прсти на рацете, отечени стапала, болни зглобови, 1-2 килограми плус на вагата и постојано чувство на надуеност се само дел од симптомите кои укажуваат дека вашето тело прави задршка на течности.

Симптомите на задршка на вода во телото не се воопшто пријатни и можат да предизвикаат да се чувствувате без енергија, постојано да имате чувство на надуеност и покрај тоа што не внесувате повеќе од дозволените калории дневно.

Бидејќи оваа појава е многу честа кај луѓето, ќе се обидеме да ви дадеме неколку разумни решенија и чекори како да се ослободите од вишокот течности преку едноставни секојдневни трикови.

  1. Намалете го внесот на сол

Солта во телото е како магнет за вода. Во повеќето намирници има многу скриена сол за која не сме ни свесни дека ја внесуваме, особено во конзервираната и готова храна. Дневните потреби за сол се околу 5 грама, а тоа е една мала лажичка. Вообичаено една возрасна индивидуа внесува многу повеќе од тоа, што допринесува за задршка на течности во голем процент. Задршката на вода може да биде причина и за зголемување на крвниот притисок и проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Затоа следниот пат не ја досолувајте храната и внимавајте колку грицки и конзервирана храна дневно внесувате!

Можеби ќе ве интересира: Дали хималајска сол е навистина поздрава од обичната?

  1. Ограничете го внесот на јаглехидрати

Јаглехидратите се на сличен начин како солта уште еден магнет за вода, самото има јаглехидрат кажува дека во својата структура имаат молекула на вода. Доколку внесувате во себе вишок јаглехидрати кои не ги користите како гориво веднаш, телото ги складира дел во форма на гликоген, а дел ги претвора во масни киселини и ги таложи во масното ткиво. На секој грам гликоген кој се складира во црниот дроб и мускулите се врзуваат по 2 до 7 грама вода, што предизвикува задршка на течности во голем процент.

Можеби ќе ве интересира: Што се случува со телото ако го намалите внесот на јаглехидрати?

  1. Јадете намриници богати со калиум

Намирниците кои се богати со калиум придонесуваат за поефикасно излачување на урината од телото и помагаат за регулирање на вишокот течности во телото, а со тоа и на намалување на крвниот притисок.

Можеби ќе ве интересира: 10 намирници најбогати со калиум покрај бананите

  1. Бидете физички активни

Долгото стоење или седење се главните виновници за појава на отоци во рацете или нозете. Затоа доколку работите седечка работа задолжително вклучете било каква физичка активност во вашето секојдневие.

Физичката активност и движењето ќе ја забрзаат циркулацијата и ќе го забрзаат метаболизмот, што ќе допринесе за полесна елиминација на водата од телото.

Можеби ќе ве интересира: Fitlife Fitness Studio

  1. Бидете стрпливи, но доколку немате резултати побарајте помош

Доколку започнете да ги практикувате сите горе наведени трикови, а резултатите се скоро невидливи, тогаш побарајте стручна помош затоа што можеби имате проблеми со кардиоваскуларниот систем или пак со органите за излачување.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *