Енергетска салата за после тренин

Споделете со пријателите

По силен и квалитетен тренинг, мускулите се преморени, нивото на гликоген во крвта, но и во мускулите и црниот дроб е значително намалено и започнува катаболизацијата или разградувањето на мускулите. Единствениот начин за да се стопира овој негативен процес е да се внесуваат во телото оние хранливи елементи кои после тренингот му се најмногу потребни на телото.

Истражувањата покажале дека складирањето, односно надоместувањето на изгубениот гликоген во крвта е најмногу изразено веднаш после тренинг. Со внесувањето на јаглехидратите веднаш после тренингот, го подигнувате нивото на сите хормони и го спречувате непотребното разградување на мускулите.

Квалитетен и избалансиран оброк полн со хранливи состојки, но и со витамини и минерали е секогаш неопходен после добро вежбање.

Оваа витаминска, но истовремено и енергетска салата е вистинскиот избор за квалитетен оброк после добар тренинг. Се подготвува брзо и лесно, доколку претходно веќе имате сварено киноа. За варење на киноата ви се потребни околу 10-тина минути.  Варите во вода дури киноата не се распука и не омекне целосно.

Потребни состојки:

  • 2 моркови со средна големина
  • 1 цвекло
  • неколку листови марула
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажица сончоглед
  • 3 лажици варена киноа
  • маслиново масло
  • сок од половина лимон
  • малку хималајска сол.

Начин на подготовка:

Морковот и цвеклото ги рендаме, а марулата ја сечкаме на ситни делови. Потоа во длабок сад го соединуваме зеленчукот и врз него ги додаваме семињата, претходно сварената киноа и зачинуваме со малку маслиново масло, сок од лимон и хималајска сол.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *