Крцкави, чоколадни и неодоливи, овие чоколадни коцки ќе ве освојат со сигурност. Одличен здрав десерт да го изненадите целото семејство.
Една коцка содржи 138.4 калории, 10.8 g јаглехидрати, 9.5 g масти и 2.8 g протеини.
Потребни состојки (за 25 коцки):
- 180 g овесни снегулки
- 60 g сува брусница
- 75 g мелени бадеми
- 20 g кокосови трошки
- многу малку сол
- ванила (по желба)
- 120 g путер од кикиритки
- 2 лажици кокосово масло
- 4 лажици малтекс мед
- 100 g темно чоколадо.
Начин на подготовка:
Погледнете го нашето видео.
На здравје!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.