Есенски намирници за појак имунитет

Есента е период од годината кога поради промена на климата догаѓа да појава на многу настинки и вируси. Промената на климата влијае поволно на развој на некои бактерии и вируси, а нашето тело се уште не подготвено, па не успева лесно да се одбрани од нив.

Затоа, за да го зајакнете имунитетот и да се “спасите” од есенските настинки и вируси потребно е да внесувате доволно витамини и минерали кои најдобро е да ги внесувате преку разновидна исхрана.

Искористете ја есента и сите придобивки на есенското овошје и зеленчук за да го кренете имунитетот на највисоко ниво и спремни да ја дочекате зимата.

Тиква

Одлично се вклопува во многу десерти, но од тиквата можете да си направите и одлична супа или пак некое вариво. Полна е со хранливи нутритиенти кои го зајакнуваат организмот и помагаат за одбрана од инфекции. Содржи многу витамин Ц, фолати, цинк, антиоксидасни, бета-каротен па дури и мала концентрација на омега 3 манси киселини.

Наш предлог: Пудинг од тиква и овесни снегулки

Цимет

Одличен е за комбинација со било кој топол чај, а можете да го додадете дури и во кафето. Циметот е зачин кој има антивирусни и антибактериски својства, а во традиционалната медицина се користи за ублажување на стомачните тегоби и мачнини. Тој е одличен за оние кои имаат дијабет и високи нивоа на глукоза во крвта, затоа што на природен начин помага за регулација на шеќерот, правејќи ги клетките посензитивни за инсулинот.

Кромид

Кромидот содржи алицин кој можеме да го сметаме како природен антибиотик поради силните антибактерски својства кои ги има. Токму поради тоа кромидот се смета за извонредна намирница кога се во прашање настинки и инфекции, и тоа особено на дишните патишта.

Ѓумбир

Ѓумбирот е одличен за намалување на мачнините и гадењето доколку имате стомачен вирус. Тој исто така ја забрзува циркулацијата што помага за побрза елиминација на токсините, но дополнително и го грее телото, што може да биде многу ефикасно кога е во прашање настинка и грип.

Наш предог: Енергетски детокс напиток со ѓумбир

Пашканат

Пашканатот е многу богат со витамин Ц и калиум. Тој е одличен за зајакнување на имунитетот и за регулација на крвниот притисок.

Јаболка

Јаболката содржат низа состојки кои имаат антиинфламаторни и антиалергиски ефекти. Содржат голем процент на витамин Ц кој многу поволно делува врз имунитетот, дополнително кората од јаболката содржи кверцетин кој е многу моќен антиокиданс и помага за лесна и брза регенерација на клетките.

Наш предлог за вкусен и здрав есенски десерт: Здрав колач со јаболка и рум

Лути пиперки

Консумирањето на лута храна поволно делува на организмот во целина. Лутата пиперка содржи капсаицин кој помага за растворање на слузот и за отворање на дишните патишта, дополнително капсаицинот го загрева организмот и го поттикнува потењето. Затоа се препорачува кога имате настинка да јадете супа со бибер или пак со луто пиперче 🙂

Батат

Бататот или слаткиот компир е сличен како и обичниот компир, но со многу поблаг вкус. Исто така бататот содржи многу поголема концентрација на бета-каротен и витамин Ц кои се одлични за зајакнување на имунитетот.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *