Гранола тарт со џем од сливи

Интересен начин како да ја искористите и консумирате гранолата. Овие мали вкусни тартови се одлични за вашите најмили. Рецептот е едноставен и потребни ви се само 4 намирници и овошје по желба за декорација.

Потребни состојки (за 2 мали тартови, за 4 лица):

Начин на подготовка:

Во рецептот ние користиме мелена гранола од Vitalia, но доколку имате обична тогаш ставете ја во блендер или во сецко и иситнете ја. Во гранолата додадете го кокосовото масло и убаво соединете ги двата дела. Во калапчиња за тарт кои можете да ги видите на видеото поделете ја смесата на два дела и убаво натапкајте ја.

Вака подготвената кора ставете ја во замрзнувач околу 15 минути за да се стегне.

Во меѓувреме го подготвуваме филот. Во 100 g џем од сливи додаваме околу 50 ml вода и загреваме. Паралелно содржината од 1 кесичка желатин ја прелеваме со околу 50 ml вода и оставаме желатинот да се развие. Дури го згреваме џемот, желатинот ќе набабри и потоа само додаваме една лажица од набабрениот желатин во џемот. Мешаме интензивно се дури желатинот не се растопи.

Вака подготвениот фил го истураме во калапчињата за тарт во кој претходно ја ставивме кората. Враќаме уште 15 минути во замрзнувач и потоа декорираме по желба.

Ние користевме банана, кива, кокосови трошки и сува малина.

Добар апетит!

Видео рецептот можете да го погледнете и на нашето видео подолу.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *