Гурмански ручек – интегрални тестенини во бешамел сос со брокула и вргањ

Споделете со пријателите

Многу ретко готвам тестенини, можеби еднаш или најмногу два пати месечно, но кога ги правам сакам да бидат баш гурмански и вкусни.

Да се разбереме ова е малку покалоричен ручек на кој му претходеше јако кардио 😊

Се подготвува навистина брзо и едноставно и може да биде супер опција за ручек понекогаш. Ако целта ви е да слабеете, не практикувајте да јадете тестенини многу често. Сепак се е баланс во животот и доколку сакате да се држите под контрола само најдете начин тоа плус што ќе го внесете да го потрошите.

Потребни состојки (за две порции):

  • околу 250 g интегрални тестенини – јас користев шпагети од дурум пченица и интегрално пченично брашно
  • 200 ml млечна неутрална павлака за готвење
  • малку путер
  • 50-60 грама изрендана тврда моцарела (може и обичен кашкавал)
  • замрзнати брокули (од око ставив, може и свежи, а наместо нив може и обарен спанаќ или блитва)
  • вргањ од @sumski_drugar – исто ставив од око околу 3-4 поголеми печурки
  • хималајска сол и бибер
  • младо лукче.

Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините на стандарден начин. Во тава на оган загрејте ја павлаката и путерот. Кога ќе почне да врие додадете ја моцарелата или кашкавалот, а потоа додадете ги и брокулите и печурките.

На тивок оган кратко динстајте (2-3 минути). На крај зачинете со хималајска сол и бибер и додадете ситно исечкано младо лукче. Соединете го сосот со тестенините и ручекот е готов.

Бидејќи сакав да јаде и Ана, вргањот го додадов последен, па пред тоа извадив од сосот малку за неа. Уживаше и ги “шмукаше” шпагетите со сласт 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *