Дали хималајска сол е навистина поздрава од обичната?

Споделете со пријателите

Солта е неопходна состојка во исхраната, но важно е да се користи умерено. Исто така, не се сите видови на сол исти. Кујнската сол (обичната) содржи само натриум хлорид и дополнително е збогатена со јод. За разлика од неа, хималајската сол содржи 84 микроелементи, што ја прават навистина супериорна во однос на обичната сол.

Хималајската сол која се копа од рудниците на Хималаите.

Настанала со таложење на соли од морската вода, која пред многу години ги прекривала Хималаите. Уште по самата боја се гледа дека оваа сол е различна од обичната.

Анализите докажуваат дека таа содржи дури 84 различни минерали, што се всушност скоро истите минерали кои се наоѓаат во нашиот организам.

Зошто хималајската сол е поздрава од обичната?

Подобра е доколку сакате да ослабете

Хималајската сол помага за подобро и полесно варење на храната, затоа што минералите кои ги содржи ја зголемуваат способноста на гастроинтестиналниот тракт за апсорпција на хранливите материи од храната.

Го подобрува сонот и го намалува стресот

Хималајската сол поради минералите кои ги содржи, промовира опуштање на мускулатурата на телото, со што се намалува стресот и се олеснува сонот.

Поздрава е за срцето отколку обичната сол

Обичната сол воопшто не содржи калиум, калциум и магнезиум, а околу 15% од хемискиот состав на хималајската сол отпаѓа на овие минерали. Хималајската сол содржи нешто помал процент на натриум од обичната и затоа предизвикува помала задршка на вода и течности, што допринесува за намалување на крвниот притисок кој е поврзан со кардиоваскуларните проблеми.

Хималајската сол е одличен електролит

Благ раствор од хималајската сол е комплетен електролитски напиток, многу подобар од готовите електролите. Одлична е за спортисти во случаи на обилно потење како што се маратонските трки.

Можете да ја користите како детоксикациска купка

Топла купа со хималајска сол е одлична за исфрлање на токсините од телото затоа што кога ќе се раствори со вода, хималајската сол формира јонски раствор кој предизвикува извлекување на токсините од телото.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *