Како да подготвите домашен хроно леб со семиња?

Појадокот во хроно исхраната е единствен оброк во кој е дозволено да јадете леб, но не оној од пченично брашно на кој сте веќе навикнати. Изберете леб од дозволените брашна (интегрален, ‘ржан, пченкарен или јачменов). Најдобро е доколку сте во можност сами да си направите свој хроно леб, во кој ќе додадете семки, сусам или мелен лен. Токму за таков леб имаме одлична рецепта.

Количината на намирници е доволна за подготовка на околу 15 парчиња леб.

Едно парче содржи 128.4 калории, 20.4 g јаглехидрати, 4.8 g масти и 3.4 g протеини.

Функционалност: хроно, посно, веге, lactose free, GMOfree, diet. 

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Сувите состојки измешајте ги во длабок сад (ржаното брашно, јачменовото брашно, прашокот за пециво, семињата и хималајската сол). Убаво измешајте со лажица.

Потоа во смесата од сувите делови додадете го растопениот путер или маслиново масло. На крај додадете ја киселата вода и мешајте убаво дури не се добие густо и влажно тесто.

Во правоаголен калап за леб, обложен со хартија за печење или со путер, истурете го тестото.

Одозгора наросете со малку семиња и малку сол. Направете со нож не многу длабоки странични засеци.

Печеме во добро загреана рерна на температура од 180-200°С околку 40 минути во зависност од рерната, ако е појака можеби и пократко.

Проверувајте со помош на чепкалка. Кога чепкалата ќе биде сува и нема да се лепи тесто на неа, тогаш лебот е готов.

Кога лебот ќе се испече, замотајте го во чиста крпа и оставете го да се олади.

Комбинирајте го за појадок со дозволените намирници.

Добар апетит!

Начинот на подготовка можете да го погледнете и на нашето видео:

Можеби ќе ве интересира: Хроно појадок: Интегрални тестенини во сос од авокадо.

Рецептот е на Виолета Златкова, превземен од групата на facebook Хроно исхрана.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *