Предлог рецепт за вечера или појадок за цело семејство.
Одлична е за најмалите во комбинација со кисело млеко или јогурт. Може да ја давате и на бебиња 8+ доколку ги изоставите сусамот, сончогледот и солта и наместо цело јајце можете да направите само со жолчка.
Од потребните намирници ќе добиете 16 парчиња.
1 парче содржи 101.6 калории, 5.7 g јаглехидрати, 6.2 g масти и 4.1 g протеини.
Потребни состојки (16 парчиња):
- 150 g просо
- 1 лажица интегрален сусам
- 1 лажица сончоглед
- 50 g путер
- 150 g моцарела
- 2 јајца
- ½ лажичка сода бикарбона
- малку хималајска сол
Начин на подготовка:
Начинот на подготовка, погледнете го на видеото.
Добар апетит!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.