Интегрален колач со јагоди

Споделете со пријателите

Подгответе го овој неодолив колач со интегрално брашно и јагоди и изненадете ги најблиските. Се подготвува едноставно, а е навистина многу вкусен и не содржи непотребни шеќери.

Едно парче од овој неодолив сочен колач содржи 144 калории, 23 g јаглехидрати, 4.32 g масти и 4.43 g протеини.

Потребни состојки (за 16 парчиња):

  • 350 g интегрално пченично брашно 
  • 150 g овесни снегулки 
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 4 лажици кокосов или нерафиниран шеќер 
  • 50 ml маслиново масло
  • 1 чаша млеко, може и растително 
  • 2 јајца
  • 200 g ситно сечкани јагоди
  • кокосови трошки за декорација.

Начин на подготовка:

Начинот на подготовка погледнете го на нашето видео подолу.

Добар апетит!

 

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *