Интегрален колач со јогурт и вишни

Споделете со пријателите

Сочен колач кој е едноставен за подготовка. Вкусот е навистина освежувачки и ќе ве освои веднаш. Јогуртот е многу добра замена за млеко кога правите колачи, проја и слично, затоа што во комбинација со брашното се добива многу воздушеста структура, слично како да сте користеле квасец.

Состојки:

  • 2 чаши интегрално пченично брашно
  • 1 чаша јогурт
  • ½ чаша маслиново масло
  • 3 лажици мед
  • 2 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 100-200 g замрзнати вишни – можете да искористи било кое овошје кое ви е омилено (праски, кајсии, јагоди, малини, јаболка)

Подготовка:

Интегралното брашно и прашокот за пециво ги мешаме во длабок сад. Во блендер ги ставаме јогуртот, медот, јајцата и маслиновото масло.

Течната смеса ја додаваме на интегралното брашно и убаво соединуваме.

Плехот во кој ќе печеме го премачкуваме со маслиново масло и ја истураме смесата. Одозгора ги расфрламе вишните.

Доколку сакате колачот да биде поблаг можете врз овошјето да наросите малку кафеав шеќер, кој убаво ќе карамелизира дури се пече.

Печеме во загреана рерна на температура од 180˚С околу 20-тина минути.

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *