Интегрална пита со кисели краставички и рузмарин

Споделете со пријателите

Совршен и балансиран појадок за цело семејство кој се подготвува брзо и едноставно.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 300 ml Баланс+ јогурт
  • 100 ml маслиново масло
  • 200 g интегрално пченично брашно
  • 100 g овесно брашно (мелени овесни снегулки)
  • 2 лажици чиа семе
  • 60 g кашкавал (може и моцарела)
  • 60 g кисели краставички
  • малку пециво и хималајска сол
  • малку свеж рузмарин.

Начин на подготовка:

Најпрвин во длабок сад се мешаат сувите состојки: брашната, чиа семето, пецивото и солта.

Со миксер се матат јајцата, потоа се додава јогуртот и маслиновото масло и повторно со мискерот убаво се соединува смесата. 

Во смесата со изматените јајца и јогурт ја додаваме сувата смеса и пак матиме со мискер, но на најмала брзина.

Кога ќе се соедини ги додаваме ситно насечканите кисели краставички и кашкавал. Мешаме со лажица за рамномерно да се распоредат.

Ја излеваме содржината во плех за печење. Јас користев кружен со страничен калап кој се вади, но може и обичен.

Одозгора ставаме свежи гранчиња рузмарин.

Дното на плехот се мачка со маслиново масло за да не се залепи. Наместо тоа, може да користите и хартија  за печење или пак да печете во силиконски калап.

Питата се пече во загреана рерна на 180˚С околу 30-тина минути.

Совршено се комбинира со чаша Баланс+ јогурт.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *