Нема да зажалите ако ја направите, совршенство е!!!
Се подготвува брзо и многу едноставно, а ќе имате одличен појадок за цело семејство. Може да ја направите и за гости, затоа што е лесна и брза, а сигурно ќе ги воодушевите.
Состојки:
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1 чаша интегрално ‘ржано брашно
- многу малку сода бикарбона
- 4 лажици кисело млеко
- 2 јајца
- ½ чаша маслиново масло
- малку обарен спанаќ или блитва (опционално)
- јас ставив и многу малку сирење и малку сланина (за арома)
- за одозгора малку сусам.
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки заедно и ставете во плех за печење кој претходно сте го премачкале со масло или пак сте го обложиле со хартија за печење.
Се пече околу 15 минути на 180°С, кога ќе биде готова оставете ја во топла рерна да се подизлади.
Од оваа количина ќе добиете 16 парчиња, не премногу големи.
Вкусот е неверојатен!
Сликите се толку прекрасни благодарение на Емилија Маневска.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.