Интегрални колачиња со ѓумбир

Споделете со пријателите

Нова година без новогодишни колачиња?! Никако!!!

Овие healthy nut cookies со ѓумбир мора да ги пробате.

Брзи и едноставни се за подготовка, а се одлични и за најмалите.

Можете слободно да ги давате на деца над 12 месеци. Мене Ана која има 12 месеци ми ги одобри 😊

Состојки:

  • 1 јајце
  • 2 лажици путер од лешници + 2 лажици путер од бадеми (може и само еден вид путер) – Bonita Organic Nut Butters
  • 80 g агаве нектар (може и мед)
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка мелен ѓумбир во прав
  • 200 g интегрално брашно.

Начин на подготовка:

Првин со миксер го матев јајцето заедно со агаве нектарот, потоа во таа смеса ги додадов циметот, прашокот за пециво и ѓумбирот. На крај полека го додадов брашното. Потребно е да добиете смеса која ќе може да ја обликувате во големо тврдо топче.

Со сукало извлеков тенка кора и со калапи ги вадев посакуваните форми.

Се печат многу брзо околу 8-10 минути во загреана рерна на 180˚С.

За да бидат уште понеодоливи ги направив како сендвичи, некои ги мачкав со путер од лешници, некои со путер од бадеми, а некои со џем од сливи без шеќер.

Одозгора имаат малку стопено темно чоколадо.

Совршенство се 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *