Интегрални тестенини со туна и зеленчук

Совршено избалансиран, прекрасен лесен и брз ручек после кој нема да се чувствувате преполнето и млитаво.

Одличен е и за пред тренинг затоа што јаглехидратите од тестенините ќе ги наполнат гликогенските резерви и ќе ви дадат сила и енергија.

Секогаш оброкот јадете го минимум 3 часа пред да вежбате.

Ставив скоро се што имав во фрижидер сакајќи да подготвам ручек кој ќе биде енергетски и нутритивно богат.

Нутритивна вредност на оброкот:

протеини – 40 g, јаглехидрати – 50 g и масти – 10 g

Состојки:

  • интегрални тестенини – ги купив од ДМ и се предобри
  • 1 мала туна
  • 1/2 домат
  • 1/2 краставица
  • неколку листови спанаќ
  • малку младо кромитче
  • 1 лажица пченка
  • малку хималајска сол и малку ладно цедено сончогледово масло.

Подготовка:

Тестенините ги варите, а зеленчукот го сечкате на ситни коцки. На крај мешате се заедно и попрскувате со малку маслиново или ладно цедено сончогледово масло и малку хималајска сол.

На здравје!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *