Какао бомбици со кокос

Од здравата кујна на Елена, ги добив овие највкусни какао бомбици со кокос. Од бомбици никогаш доста, ги има во 1000 различни варијанти.

Овие кокос бомбици се супер за пред вежбање, да ги земете со вас на работа или факултет, а одлични се и како ужинка за најмалите.

Состојки:

  • бисквити wellness или интегрални (цело пакетче)
  • 2 лажици какао
  • 25/30 ml кокосово млеко (можете да го подгответе и сами)
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажица мед (по желба, ако сакате поблаг вкус)

Начин на подготовка:

Добро измешајте ги сите состојки. Формирајте бомбици со помош на лажичка и валкајте ги во кокосово брашно!

Оставете ги бомбиците во фрижидер малку да стегнат.

На здравје!

View this post on Instagram

Какао бомбици со кокос • едно паковање бисквити wellness или интегрални • 2 лажици какао • 25/30 мл кокосово млеко (можете да го подгответе и сами) • 1 лажица кокосово масло • 1 лажица мед (но прво пробајте ја смесата, може да додадете помалце или малку повеќје) Убаво искршете ги бисквитите во трошки, може да искористите сецко. Добро измешајте ги сите состојки. Формирајте бомбици со помош на лажичка и обвалкајте ги во кокосово брашно! Ставате ги бомбици во фрижидер малку да стегнат. Погодни се пред вежбање, да ги понесете со вас на работа или факултет и секако за децата! ____________________________ #здравидесерти #здравирецепти #инстаграмџики #бомбици #coconut #vegan #vegandesert #wellness #chocobombs #healthyfood #healthydesserts #healthysnack #instafood

A post shared by Elena Gorgievska (@elena_gorgievska_fitlife) on

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *