Како да го исчистите бебешкото носе?

Споделете со пријателите

Одржување на назалната хигиена кај новороденчињата и децата е многу важнo затоа што тие самите не се во состојба како возрасните да дувнат и да ги отстранат сите нечистотии кои ги вдишуваме со воздухот.

Секој ден дишеме по приближно 10 000-11 000 литри воздух и заедно со тоа, многу надразнувачи и алергени како што се вируси, бактерии, спори од мувла, првут за миленичиња, прашина, загадување и чад.

Функцијата на носната празнина е да го загрее, навлажни и инфилтрира воздухот што влегува во телото пред тој да стигне до белите дробови. Влакната и слузта што ги има вo носната празнина имаат улога да ги задржат прашината, поленот, но и многу други загадувачи и честички кои ги има во воздухот вклучувајќи и микроорганизми и вируси пред тие да стигнат до белите дробови. Носот и кожата се наша прва имунолошка одбрана и тие први го штитат телото од потенцијално штетните агенси од животната средина.

Носот делува како ефикасен систем за климатизација и филтрација, тој го затоплува, филтрира и го навлажнува вдишениот воздух, така што чистиот воздух е заситен со водена пареа на оптимална температура и како таков оди до белите дробови.

Едноставно кажано, носот е една беспрекорна машина која е прва линија на одбрана и заштита!

Бидејќи, носот во својата шуплина задржува многу нечистотии многу е важно да се одржува неговата хигиена и тоа е особено важно кај бебињата и децата кој не се свесни дека за да ги исчистат носето треба силно да дувнат.

Испирањето и чистењето на бебешкото носе е нешто што родителите треба да го воведат во секојдневната хигиенска рутина. Одржување на назалната хигиена е клучен дел во одржување на респираторното детско здравје.

Бебешкото носе може да се исчисти на неколку начини. Најчесто за чистење се препорачува употреба на изотоничен солен раствор кој не содржи конзерванси заедно со аспиратор. Користењето на овие две техники е одличен начин да ги отстраните сите нечистотии кои се задржуваат во носната шуплина на вашето малечко. Ова рутина е нешто што треба да го практикувате почесто, не само кога чувствувате дека се јавило некое воспаление и детето има потешкотии со вдишувањето. Одржување на назалната хигиена кај децата може да ги превенира инфекциите на горните респираторни патишта.

How to use a nasal aspirator (aka a baby snot sucker)

Кои се предностите од користење на изотоничен солен раствор за испирање на носната шуплина?

  • плакнење и миење на носната шуплина и слузница од надворешни честички како прав, полен и разни алергени
  • обнова на природната функција на дишните патишта
  • намалена назална конгестија доколку постои
  • подобрување на одбранбената способност на шуплината и заштита и превенција од потенцијални патогени бактерии и вируси.

Секогаш кога бирате назален спреј за вашето дете и особено за новороденче обрнете внимание на составот на изотоничниот раствор. Внимавајте тој да биде без конзерванси и потенцијално штетни супстанци кои најчесто се користат како стабилизатори или продолжувачи на рокот на траење.

Како родител кој се грижи за здравјето ан своето дете, чистењето на носето на мојата ќерка ми беше предизвик уште од првиот ден затоа што бебето се спротивставува, плаче и не дозволува да му го исчистите носето правилно.

Кога го пронајдовме Marissimo® baby спрејот, многу од овие проблеми ги решивме.

Претходно користев изотоничен раствор во мали вијали со кои немав контрола колку од растворот отишол во носната шуплина, но Marissimo® baby спрејот има поинаков и многу практичен механизам на апликација. Тој е во форма на спреј и при секое прскање испорачува точно определена количина од растворот правејќи нежен и благ туш на носната шуплина на бебето. Овој спреј нежно ја чисти и навлажнува носната слузница на бебето.

Marissimo® baby спрејот е производ од природно потекло кој содржи минерали кои ги има во морската вода како K, Mg, Na, Cl, Se, I, Ca, Zn, Cu, Fe и други. Погоден е за секојдневна хигиена и нега на носната шуплина уште од првиот ден од раѓањето на бебето.

Овој спреј е сосема природен, не содржи конзерванси туку природна морска вода која е разреден со прочистена вод до физиолошко ниво од 0.9%.

По употреба на спрејот многу често користам и носен аспиратор за да сум сигурна дека сме ги отстраниле сите нечистотии од носето.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *