Како да ја намалите отеченоста на нозете?

Проблемот со отечени нозе и стапала го има речиси секој втор човек. Ова непријатно чувство е последица на задршка на течности во телото што произлегува од недоволна циркулација на крвта и лимфата низ телото.

Проблемот со отечени стапала е најчесто застапен во летниот период затоа што поради топлината телото се труди да ги дилатира крвните садови и да оддава топлина, а тоа предизвикува забавување на циркулацијата и потенцирање на едемите.

Можеби ќе ве интересира: Како да ја подобрите циркулацијата?

Неколку совети кои ќе ви помогнат доколку и вие имате проблем со отечени стапала:

  1. Намалете го внесот на сол

Прекумерното внесување на сол во исхраната предизвикува задржување на течности во телото. Лицата кои имаат проблеми со крвниот притисок исто така треба да избегнуваат солена храна, токму поради ризикот од зголемување на крвниот приток и поради задршката на вода во телото. Доколку имате проблеми со отоци, исфрлање на солта е првиот чекор кој треба да го направите.

Можеби ќе ве интересира: Која сол е најдобра: морската, кујнската или хималајската?

  1. Редовна физичка активност

Физичката активност е клучна за подобрување на циркулацијата и забрзување на метаболизмот. Со редовна физичка активност ќе го забрзате исфрлањето на токсини од телото. Сето тоа синергистички делува и помага за намалување или целосно исчезнување на отоците во нозете.

Можеби ќе ве интересира: Како физичката активност го подобрува целокупното здравје?

  1. Дозволете си доволно одмор

Барем 10-15 минути во денот одмарајте. Лежете на грб и испружете ги нозете нагоре. Многу често отоците се јавуваат од прекумерно стоење или седење.

  1. Внимавајте колку време седите

Доколку работата ви бара постојано седење, тогаш задолжително на секои 2 часа станете и направете кратко размрдување од 5 минути. Прекумерното седење е најчест причинител на едемите во нозете.

Можеби ќе ве интересира: 5 вежби кои можете да ги правите на работното место.

  1. Намалете го вишокот килограми

Вишокот килограми предизвикува забавување на циркулацијата затоа што самото масно ткиво има многу малку крвни садови. Исто така вишокот масти во телото прави дополнителен притисок на вашите крвни садови што придонесува за појава на отоци на стапалата, но и на целото тело.

Можеби ќе ве интересира: Најголемите грешки при слабеење.

Доколку нашите совети не ви помогнат за намалување на отоците во стапалата и нозете, тогаш задолжително консултирајте се со вашиот доктор, затоа што во многу случаи појавата на отоци во телото може да индицира и на намалена срцева функција.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *