Како да ја одржите мотивацијата за вежбање?

Споделете со пријателите

Го знаете ли она чувство кога гледате некоја супер згодна девојка која неуморно трча, прави неверојатни вежби и изгледа како од списание, а вие единствено нешто што помислувате е од каде да нарачате пица и кој филм да го гледате денес.

И да…во такви моменти запаѓате во очај и мислите дека вие сте единствени на светот што не сакате да вежбате и да се грижите за себе.

Едноставно немате доволно силна мотивација која ќе ве одржи и ќе ви даде сила лесно да не се откажете.

Луѓето кои немаат мотивација за вежбање и грижа за себе постојано имаат одредени изговори кои повеќе ги користат за да се оправдаат пред себе, затоа што на другите не им е многу битно дали вие вежбате или не и колку вежбате.

“Денес заглавив на работа, изморена сум, морам да одам дома и да одморам?” – ова е само еден од изговорите….

Но знаете што, ако сте изморени, тренингот ќе ви направи само еден добар рестарт и ќе ви помогне полесно и поефикасно да се одморите!

“Морам да го земам детето од школо, па на англиски, па дома и цел ден зафатен…и денес нема да идам” – ова е веќе друга слична варијанта на изговор.

Ако сакате можете да се организирате и да најдете време за себе и покрај сите обврски.  Затоа што не сте само вие мајка, и 1 час во денот ќе најдете за себе! Никој не ве тера тоа да го правите секој ден, за почеток сосема доволни се барем 2 или 3 пати во неделата по еден час!!!

Сигурно во текот на денот поминувате барем по 1 час на својот мобилен телефон? Епа 1 час по 7 дена, се 7 часа неделно, зарем од тие 7 часа бескорисна работа не можете да одделите 3 часа и да направите нешто добро за себе.

Можете!!! Но, првин треба да сакате!

Направете си план!

Договорете се првин со себе си, а потоа и со семејството доколку има потреба од тоа. Објаснете му на сопругот и на децата дека вие покрај тоа што се грижите за сите нив, ќе започнете да се грижите и за себе и побарајте разбирање од него доколку ви треба помош со чување на децата и слично.

Испланирајте си го денот и обврските и држете се до тој план! Вежбањето ќе ве направи поисполнети и помотивирани, па кога ќе се вратите дома ќе можете многу полесно и побрзо да ги завршите сите домашни активности.

Ветете си себе си дека ќе правите нешто добро за себе!

Пред да ги убедите другите, убедете се првин себе си! Ветете си дека ќе бидете доследни и упорни и дека нема лесно да се откажете!

Никако немојте да дозволите “лошата самовила” во вас да ве разубеди дека еве денес баш сте уморни и во ред е да го прескокнете вежбањето. Не е во ред!

Бидете посилни од изговорите! Така не само што ќе го зајакнете физичкото здравје, туку ќе го зајакнете и менталното здравје и карактерот!

Следете си го својот прогрес!

Многу често се случува да се откажете затоа што напредокот и прогресот се движат многу споро. Но, кога ќе си го помислите тоа сетете се дека скалило по скалило, полека но сигурно сепак се движите и одите кон врвот.

Понекогаш некои работи бараат време и посветеност, особено ако долги години сте живееле седечки начин на живот и воопшто не сте внимавале на исхраната.

Следете го прогресот постојано, не се битни вагата и килограмите секогаш!

Чувствујте се убаво доколку сте успеале без пауза да вежбате 30 минути, доколку сте направиле 10 склека, а претходно не сте можеле ни еден или пак доколку сте направиле 30 стомачни, а претходно едвај сте правеле 10. Тоа е доказ дека сте напреднале!

Килограми и вагата можеби мотивираат, но не сте вистинскиот показател за тоа колку успешно ви оди!


Нашето студио FitLife Fitness Studio е специјализирано студио за Аеробик и Пилатес, лоцирани сме на две локации во Скопје и тоа: Кисела Вода и Козле.

Соединувајќи вежби за мобилност, сила, флексибилност и кондиција креираме часови наменети за секого.

Кај нас ќе го најдете тоа што ви е потребно и што е најважно мотивација која нема да дозволи лесно да се откажете!

Изберете ја групата која најмногу ви одговара и резервирајте си што поскоро место на телефон 071 273 982 или на 077 766 950.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *