Како да најдете мотивација за вежбање

Споделете со пријателите

Дури и кога знаете дека спортот е добар за вас, сепак може да биде тешко да се мотивирате да почнете  да вежбате?!

Но, ако започнете со мали цели и реален план ќе ви биде полесно да се вратите на вежбање, па дури и ако поминало многу време од вашиот последен тренинг.

8 МОТИВИРАЧКИ ФАКТИ ДА ПОЧНЕТЕ ИЛИ ДА ПРОДОЛЖИТЕ СО ВЕЖБАЊЕ

1. Направете список на остварливи цели. Размислете зошто сакате да спортувате и што би сакале да постигнете со вежбањето. Обидете се да вклучите краткорочни и долгорочни цели во списокот. На пример, вашата листа може да ја содржи целта: „научи да правиш burpee 50 пати без да застануваш“ или  „истрчај 5 km“.

2. Заменете го зборот „треба“ со зборот „сака“. Ако си кажете себеси дека треба да направите нешто, ќе ви биде потешко да започнете. Ако мислите дека треба да трчате, но не го сакате тоа, потсетете се на својата цел: „Сакам да станам посилна и посигурна во себе, а денешното трчање ќе ме приближи до целта“.

3. Купете си нова и убава спортска облека. Ќе имате дополнителна причина да спортувате. Спортска облека треба да биде удобна. Купете си добри, удобни патики и ќе видете дека тренингот ќе ви биде полесен и поефективен. Пробајте да си купите спортска облека со вашите омилени бои или принтови и вашата физичка активност ќе биде попријатна!

4. Запишете се на групна активност. Групните часови ќе ви овозможат да најдете истомисленици кои ќе ве мотивираат да продолжите да сте редовни, а инструкторот ќе ви покаже како правилно да ги изведувате вежбите (ова правило многу е корисно особено за почетници).

5. Обидете се да спортувате три пати неделно. Ако поставите остварлива цел (на пример, спортување три пати неделно), полесно ќе го постигне тоа, затоа што нема да изгубите мотивација ако пропуштите еден час. Ако можете да се вежбате без да чувствувате притисок, наскоро ќе имате желба да вежбате почесто од планираното!

6. Најдете начин да го комбинирате вежбањето со другите дневни активност. Ритамот на животот понекогаш станува неконтролиран. Можеби сте многу зафатени на работа или пак работите во смени и имате и многу други обврски, но запоменете дека вежбањето ќе ве направи попродуктиви, па многу е веројатно дека побрзо ќе завршувате некои работи. Планирајте ги обврските претходниот ден, тоа може многу да помогне.

Во нашето фитнес студио имаме групи и наутро и попладне почнувајќи од 17 часот. Моментално имаме online часови и тоа 4 пати неделно кои се достапни 24 часа и можете да вежбате кога сакате вие. Дополнително имаме и јога и тоа 3 пати неделно и пилатес за трудници 2 пати неделно.

За повеќе информации пишете ни или контактирајте не на 071 273 982.

7. Изберете вежби кои ќе ви бидат интересни. Многу луѓе кога мислат на физичка активност, мислат на теретана или трчање. Но, постојат многу начини и тренинзи кои можат одлично да ве активираат. Секоја физичка активност е добра за нашето здравје. Изберете го тоа што навистина ви се допаѓа. Денес има многу опции: аеробик, пилатес, јога, кружни тренинзи, зумба, теретана, пливање, танцување….

8. Интересни часови. Ако ги вежбате истите вежби секој ден (трчате по истиот пат, вежбате исто видео), брзо ќе ви стане досадно. Покрај тоа, кога телото се прилагодува на истата рутина, најверојатно ќе престане да се менува, а тоа ќе ве демотивира.

Како фитнес студио ние се трудиме секој тренинг да биде различен, нов и интересен. Се трудиме да ве мотивираме, а од вашите позитивни вибрации се мотивираме дополнително и ние!

Ве очекуваме на виртуелно дружење, се надеваме дека за брзо ќе се видиме и во сала!

Текстот е на Елена Ѓорѓиевска.

https://www.instagram.com/p/B_POKAkHKdi/
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *