Како да ги држите килограмите под контрола за време на празниците и зимските месеци?

Споделете со пријателите

Празници, семејни ручеци, слави, преполни трпези….и на крај паника од килограмите кои ќе ги видите на вагата.

Новогодишните празници се можеби најубавиот период од годината затоа што носат во себе посебна енергија и топлина, но кога се ќе се заврши и ќе сфатиме дека со храната малку сме претерале доаѓа едно чувство на грижа и каење за сите изедени кифлички, за сета руска салата и за сите торти.

За да не биде така, бидете рационални уште пред стартот на празниците, јадете разумно и останете физички активни и покрај ладното време кое не дозволува да бидеме многу подвижни.

Како сето тоа да го спроведете на дело?

1) Мерете се секое утро

Повеќето луѓе како да се плашат од вагата и не сакаат воопшто да застанат и да видат до кај се со килограмите, верувајте дека тоа е многу погрешно затоа што некогаш можеби имате 4 килограми плус или минус а вие не сте свесни за тоа. Кога се минус е супер, но кога се плус, многу лесно на тие 4 можете да додадете уште 4…па 8 килограми вишок после одреден период не е така лесно да се симнат. Затоа, за да ја држите тежината под контрола, мерете се секој ден или барем преку еден ден, така нема да си дозволите да качите премногу килограми. Ако гледате дека килограмите одат нагоре ќе бидете свесни за тоа и тој ден со сигурност нема да јадете нездрава храна и нема да претерувате со оброците.

2) Ако претерате со храна, направете детоксикација

Доколку претерате со руската салата и со кифличките, следниот ден задолжително направете детоксикација. Бидете цел ден на свежа или пак на течна храна, дури можете да пробате и цел ден да пиете само вода со лимон и кафе без засладувачи. Така ќе компензирате за изедените калории претходниот ден.

Можеби ќе ве интересира: 10 правила за тридневна детоксикација после празниците

3)Кажете им не на сите овошни и газирани пијалаци

Во ред е да се напиете чаша вино, виски или пак било кој друг алкохолен пијалак што вас ви е омилен, но зошто да пиете празни калории од разните сокови? Потрудете се најголем дел од течностите што ги пиете во текот на денот да бидат вода. Ако ви е досадно постојано да биде вода, вода и само вода, пијте незасладени чаеви, сок од цеден лимон или пак газирана вода.

Навистина немате никаква потреба и корист од газираните сокови и овошните џусови кои се презентирани како 100% природни, а всушност немаат ни грам овошје во себе.

4) Останете максимално физички активни

Движете се максимално што можете, користете ги скалите наместо лифтот, одете до продавница пеш наместо со автомобил.

Шетајте секој ден барем по 30-40 минути.

5) Не се откажувајте од активноста која ја практикувавте цела година само затоа што се празници

Зарем нема да имате грижа на совест за еден месец да го уништите тоа што го градевте цела година? Вежбавте активно и сега си дадовте одмор од вежбање и се фрливте на јадење само заради празници. Зарем мислите дека тоа е правилно? Сигурно дека не е! Не ви викаме да вежбате на Нова Година или на Божиќ, но навистина нема потреба да правите пауза од еден месец затоа што после тоа ќе ви требаат уште два месеци за да се вратите таму кај што застанавте, а уште полошо пак ако качите неколку килограми плус за време на празниците.

Добрата страна на вежбањето е и тоа што ќе можете да се опуштите малку повеќе и со храната затоа што ќе трошите и внесувате калории, па на крајот ќе бидете на нула 🙂


Нашето студио за Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio лоцирано на две локации во Скопје: Козле и Кисела Вода работи во текот на целата година. Ние нема да правиме долги паузи за време на празниците, тука сме за вас постојано.

Во периодот од 01.01.2019 до 08.01.2019 ќе работиме по малку редуциран распоред според сликата подолу.

Со стандардниот распоред и термини си продолжуваме од 08.01.2019.

За повеќе информации побарајте не на телефон 071 273 982 или 077 766 950.

Повеќе за нас, за типот на тренинзи и за месечната членарина прочитајте подолу:

FitLife Studio 1 – Кисела Вода

FitLife Studio 2 – Козле

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *