Како констипацијата може да го отежне губењето на килограмите?

Споделете со пријателите

Замислете го сликовито вашиот дигестивен систем како еден од главните органи во телото, тоа не е само орган кој е одговорен за внес, апсорпција на храна и елиминација на тоа што не е дигестирано, туку има многу позначајна улога и во имунолошкиот, невролошкиот, психолошкиот и ендокринолошкиот систем. Всушност, нашите црева се во постојана интеракција со скоро сите органски системи во телото.

Јасно е дека празнењето на цревата има многу голема улога во губењето на килограмите, и тоа особено кај жените. Констипацијата може да го успори или да го оневозможи губењето на килограмите преку неколку канали.

Преку дебелото црево се исфрла “потрошениот” естроген

Човечкото тело има неколку органи во кои се врши детоксикација. Најважни се црниот дроб, дебелото црево и бубрезите. Црниот дроб е всушност филтер на се што внесуваме во телото, вклучувајќи храна, лекови и разни токсини кои секојдневно ги внесуваме со храната, но и преку воздухот, потрошени хормони и сл. Во црниот дроб сите овие супстанци поминуваат низ неколку фази, се со цел да се претворат во молекули кои ќе бидат способни да се исфрлат од телото.

Кога зборуваме за естрогенот тој во црниот дроб поминува низ две фази на детоксикација со цел полесно исфрлање од телото. Во првата фаза се врши хидроксилација и се додава поларна хидроксилна група на молекулот на естрогенот, а во втората фаза доаѓа до процес на метилација и глукоронидација и на тој начин му се овозможува елиминација од телото преку жолчните соли. Кога ваквиот метаболизиран естроген ќе заврши во жолчката, тој оди во цревата и завршува во дебелото црево од каде што треба да биде исфрлен од телото. Доколку постои констипација и отежнато празнење на цревата, целиот овој процес не може да се заврши. Бидејќи дебелото црево е обвиткано со мрежа од крвни капилари, доаѓа до повторна реапсорпција назад во циркулацијата и повторно враќање на естрогенот во црниот дроб.

Тоа значи дека доколку некоја индивидуа пати од констипација(запек) потрошениот естроген постојано се “врти” во телото што предизвикува пореметување на хормонскиот статус. Затоа една од најтешките препреки за губење на килограмите кај жените е баш таа нерамнотежа помеѓу андрогените хормони и естрогенот.

Констипацијата ја пореметува цревната микрофлора што може да предизвика трупање на масно ткиво

Дебелото црево е дом на милиони бактерии. Станува збор на многу различни соеви на бактерии кои синергистички делуваат и придонесуваат за нормално функционирање на дигетсивниот трак, но и на целокупниот организам. Бактериите во цревата не се одговорни само за апсорпција на нутритиентите, туку имаат многу значајна улога во хормонската активација и метаболизмот, движењето на цревата, имунолошкото функционирање на телото, контрола на липидте во крвта и и уште многу други битни функции (постојат дури докази дека кај аутистичните деца има промена на ниво на цревна микрофлора – The Role of the Gut Microbiome in Autism – https://www.youtube.com/watch?v=ZcwYPIFAWGM).

Цревната микрофлора има многу големо влијание на тежината затоа што постојат одредени соеви на бактерии кои му помагаат на човечкиот организам за топење на масното ткиво, додека пак кај одредени индивидуи кои патат од констипација е воочено дека имаат такви соеви на бактерии кои го оневозможуваат топењето на масното ткиво – прочитајте повеќе, тука.

Долготрајната констипација може да резултира со ендотоксемија и метаболички оштетувања

Иако многу луѓе констипацијата ја доживуваат како нешто што брзо поминува, сепак на оваа состојба навистина треба да се внимава затоа што може да остави тешки последици. Ендотоксемијата или метаболичката токсемија е феномен кој настанува кога во цревата се јавува инфламација подолг временски период од неколку месеци, па дури и години. Сето тоа директно или индиректно влијае на ендокрините жлезди во телото и предизвикува пореметувања во повеќе органски системи. Не само што е засегнато губењето на килограмите, туку и целокупното функционирање на телото и целокупното здравје.

Како да се борите против констипацијата?

Немојте насилно да внесувате премногу влакна во телото. Најчестите совети доколку патите од констипација се да го зголемите внесот на влакна во исхраната, но бидете внимателни. Дневните потреби за нерастворливи влакна и нормално функционирање на цревата се од 25-50 g, доколку ја преминете таа количина ќе имате спротивен ефект и чувство на тежина и надуваност во телото, што ќе го отежне и варењето и мобилноста на цревата.

Можеби ќе ве интересира: Утрински напиток за слабеење и исфрлање на токсините

Внимавајте секогаш да бидете добро хидрирани

Дехидратацијата е често занемарена кога е во прашање констипацијата, но таа може да биде една од причините. Внесувајте доволно течности, но внимавајте и со продуктите кои предизвикуваат дехидратација како што е кафето, цигарите и алкохолот.

Исто така покрај доволното внесување на течности битно е да внесувате и доволно електролити затоа што електролитите и минералите се битни за одржување на балансот на вода во телото и одржување на добар моталитетот на цревата.

Внесувајте магнезиум

Магнезиумот помага за регулација на работата на цревата. Внесувајте секојдневно по 300-350 mg навечер пред спиење. Но, внимавајте да не претерате со количината затоа што многу големи дози на магнезиум можат да предизвикаат дијареја.

Можеби ќе ве интересира: 7 намирници против констипација

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *