Кремасти медени мини колачи со гриз

Заменете ги чоколадите и грицките помеѓу оброците со квалитетна и нутритивна ужинка која ќе си ја подготвите сами.

Подготвувањето на ужинка дома не одзема воопшто време.

Има многу здрави десерти кои не се печат и за кои ви се потребни помалку од 15 минути како што се и овие кремасти медени мини колачи со гриз.

Потребни состојки (за околу 15-18, зависи од калапот кој ќе го користите):

  • 150 g мешавина од јаткасти плодови мелени (јас ставив по 50 g бадеми, лешници и индиски ореви)
  • 50 g кокосови трошки
  • 5 лажици варен гриз
  • 1 лажица сусамов таан
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица путер од јатки (јас ставив мешавина – nut mix butter)
  • во пола од смесата 1 лажица какао.

Начин на подготовка:

Сите состојки ги мешаме заедно, потребно е јаткастите плодови да бидат убаво мелени, а гризот сварен на стандарден начин само со вода (не многу вода да биде погуст).

Можете да формирате со раце и топчиња, па да бидат бомбици. Јас користев силиконски калап за колачи за побрзо.

Во пола од смесата ставив какао за да бидат црно/бела комбинација.

Предобри се! Одлични за ужина и за дечиња над 1 години кои веќе јадат мед и јатки 😊

На здравје!

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *